Во твојата кошула...

Лежев така стуткана, во твојата кошула која ја чувствував како моја откако ми ја подари бидејќи обожаваше да ме гледаш во неа.

vo-tvojata-kosula-1

Сум била секси, така разбушавена, гола, а на мене твојата бела кошула која ми ги откриваше облините на срамежлив, мистериозен начин.

Беше доволно кратка за да те полуди, но доволно долга да ме прикрие и да те натера да ме посакуваш уште повеќе.

Лежев така во неа и се прашував, со што заслужувам да те имам покрај мене. Можеби те сакам, но ти си предобар за мене, најдобар!

Ја сакам и оваа твоја кошула, го сакам твојот глас кој ме милува секогаш кога ќе проговориш, глас по кој секогаш ќе те препознавам.

Лежам така стуткана, но овој пат во мојот кревет и се сеќавам на сите овие мисли кои тогаш ми прелетаа низ глава, сега сфаќам…

Ти не си бил најдобар, ниту пак предобар за мене, ти си бил најлош.

Извини, не сакам да те повредам, но се повредив самата што останав со тебе и сакам да ти се отворам.

Сфатив дека отсекогаш сум била твоја кукла на навивање, свирев мелодија која ти ја компонираше без разлика дали истата ми се допаѓала или не.

Тебе ти годеше, тоа ми беше најважно. Сфатив дека јас ти бев материјал за жена, бидејќи беше постар од мене.

Сфатив дека ме гледаше само како млада, кревка и неискусна девојка, добра мајка на твоите деца, нашите неродени дека.

Сфатив дека си голем манипулатор со тоа што секогаш ја кажуваш вистината, со доза на резерва, таа резерва која ја чуваш скриена во твоето срце, покриена со твоето его, маскирана во лага која никогаш нема да ја слушнам и покрај сите оние лаги кои ми ги кажа маскирани во вистина.

Маскирај ја таа резерва ајде, маскирај ја во вистина и излажи ме, барем уште еднаш, а јас ќе се преправам дека ти верувам, носејќи ја твојата кошула која мириса на спомени.

Ќе те бакнувам, милувам и сакам како некогаш, но ти ветувам нема да трае засекогаш, ќе трае додека сакаш ти, додека повторно не ме оставиш, во твојата кошула…

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg