Кратка приказна: Пламенот на надежта никогаш не смее да згасне

Оваа кратка приказна ќе ви докаже дека никогаш не треба да се откажувате и дека без разлика во каква ситуација сте, секогаш постои надеж дека ќе биде подобро...

kratka-prikazna-nadezta-nikogas-ne-smee-da-zgasne-1

Прочитајте ја оваа приказна и споделете ја со вашите најблиски:

„Во собата полека и тивко гореа 4 свеќи. Беше целосна тишина и токму поради тоа можеше да се чуе тивкиот разговор помеѓу свеќите.

Првата свеќа прошепоти: „Јас сум МИР - луѓето не успеваат да ме сочуваат, мислам дека ќе се изгаснам”. И таа веднаш згасна.

Втората свеќа додаде: „Јас сум ВЕРА - за жал многу луѓе сметаат дека не сум неопходна, нема смисла да горам и понатаму.” Само што го кажа тоа, дувна лесно ветре во собата и таа згасна.

Третата свеќа жалосно проговори: „Јас сум ЉУБОВ - немам повеќе сила, луѓето често ме забораваат и ме тргаат настрана. Дури забораваат да ги сакаат и најблиските, нема повеќе смисла за мене.” И истиот миг згасна.

За кратко во собата влезе човек и погледна збунето па запраша: „Што е ова? Требаше да горите до крај”. Само што го рече тоа, човекот седна во полумрачната соба и тивко заплака.

Тогаш се јави и четвртата свеќа: „Не се плаши, додека јас горам, ќе можеме да ги запалиме и другите свеќи. Јас сум НАДЕЖ.”

Пламенот на надежта треба секогаш да ни гори во срцата за да можеме во нас да ги одржите верата, љубовта и мирот...

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg