Животна лекција која сите треба да ја научат: Оставете ги да ве озборуваат!

Тешко е да ги задоволите сите вкусови. Оној кој сака, секогаш ќе има што да искоментира...

zivotna-lekcija-koja-site-treba-da-ja-naucat-ostavete-gi-da-ve-ozboruvaat-01.jpg

Затоа, не се разочарувајте од озборувањата. Сè што правите, правете го од срце!

Оваа поучна приказна ќе ве убеди во тоа:

Еден брачен пар имал 12-годишен син и едно магаре. Одлучиле малку да прошетаат, работат и да го запознаат светот, па сите заедно тргнале на пат.

Кога дошле до првото село, луѓето коментирале: Погледнете го ова невоспитано дете. Тој седи на магарето додека неговите стари родители го влечат магарето.

Жената тогаш му рекла на сопругот: Нема да дозволиме луѓето лошо да зборуваат за нашиот син.

Мажот го симнал детето од магарето и тој седнал на него.

Кога дошле до другото село, луѓето повторно коментирале, само малку поразлично: Погледнете го овој човек, срам да му е што дозволил жената и детето да го влечат магарето, додека тој седи.

Тогаш решиле дека е време жената да седне на магарето, а синот и мажот да го влечат.

Така стигнале и до третото село. Таму луѓето повторно имале што да кажат: Сирот човек! Цел ден работел, а жената седи на магарето. Сирот син, којзнае што го чека со ваква мајка.

Бидејќи веќе не знаеле што да направат, решиле тројцата да се качат на магарето и да продолжат.

Кога дошле до следното село, слушнале како сите коментираат дека на магарето ќе му попушти телото заради тежината.

Потоа сите решиле да се симнат и пешки да си продолжат по патот.

Кога поминувале низ следното село, не можеле да поверуваат на коментарите и смеењето кое го добиле: Погледнете ги овие три будали... Одат, а имаат магаре кое може да ги носи!

Поука? Секогаш правиш нешто погрешно, глупаво, непромислено според другите.

Најдобрата работа која можеш да ја направиш за себе е да им дозволиш да зборуваат додека ти го одиш својот пат.

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg