Отворено писмо до сите мои стари ученици: Се уште ве сака вашата класна!

Ја паметите ли вашата класна од средно?

otvoreno-pismo-do-site-moi-stari-ucenici-se-uste-ve-saka-vasata-klasna-1

Се имате запрашано ли каде е, што прави, дали ѝ недостасува таа една генерација за која знаете дека ѝ останала во срцето, вашата генерација?

Ова отворено писмо до сите ученици на една класна е одговорот на тоа прашање.

„Драги мои деца,

Не чудете се што ве нарекувам деца, вие бевте мојата душа, а јас бев вашата втора мајка која ве гледаше повеќе отколку родителите дома во текот на неделата, цели осум часа во клупите како полека се приготвувате за излегување надвор од училишниот двор подготвени да зачекорите во светот на возрасните.

Живеевте во илузија дека светот се врти околу вас, дека сте веќе возрасни, имавте големи соништа кои се надевам дека еден ден ќе бидат остварени.

Јас ги слушав вашите поплаки, желби, радости и цели, некои беа смешни и интересни, а некои толку реални што знаеја да ме натераат да се запрашам дали јас сум ги остварила своите животни желби и соништа.

Но, тоа не е важно, писмото не треба да се однесува на нив, на моите желби, писмото сакам да ги разбуди вашите скриени желби без разлика каде да се наоѓате, колку години имате, што и да работите и со кого и каде било да живеете.

Некои од вас беа запишани во мојот клас по желба на нивните родители, верувајте ги препознавав таквите, гледав во вашите очи дека нешто не е во ред, гледав колку без желба го учите материјалот и се обидував колку што можам да ви олеснам за послесно да поминете 4 години на место кое што не ви создава чувство на топол дом.

Се обидував колку што можам повеќе да го стоплам со моето срце пружејќи ви сигурност, кога веќе не можам нешто повеќе.

Би направила сè за вас, верувајте, за мене една оценка плус или оправдување на неоправдан беше лесна работа, но не сакав да ве пуштам на полесниот пат, сакав да научите повеќе, да знаете повеќе, да не бегате од часови, кога веќе сте тука да го искористите вашето време паметно, да научите нешто, макар и да не ве интересира.

otvoreno-pismo-do-site-moi-stari-ucenici-se-uste-ve-saka-vasata-klasna-2

Можеби тоа нешто ќе ви се најде утре во животот, ако не вам на вашите деца, а вие бидете сигурни дека гордо ќе им го дадете објаснувањето на нивното прашање кое ќе ве потсети на вашата класна што ве терала со сила да го научите материјалот за петка.

Сте заслужувале тројка, но јас знаев дека можете повеќе, простете доколку сум претерала со однесувањето, но сакав моите ученици да бидат најдобри во цела генерација.

Сакав да им се восхитуваат, сакав и самите да се гордеат со својата класна, бидејќи јас бев горда на вас, бескрајно.

Сè уште ги чувам групните фотографии на кои сме како едно големо семејство, се надевам ги чувате и вие.

Сакав само да ве потсетам на мене, да ве потсетам на училишните денови, да ве потсетам на желбите, соништата и да ви кажам дека никогаш не смеете да се откажете од нив, исто како што јас никогаш не се откажав од мојата желба наместо тројка да ве натерам да заслужите петка во дневникот.

Ми недостигате...

Сè  уште ве сака вашата класна! “

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg