Нема да ме најдеш...
Јас сум таа девојка што се гали од тебе како маче, јас сум таа што ти кине нерви, јас сум таа што те сака.
Ќе најдеш подобра од мене, некоја што сака клишеа, некоја што нема да те полуди од смеа…
Ќе најдеш секаква, но како мене не.
Јас сум таа, необичната, едноставната, за тебе комплицирана.
Јас сум таа што игра пред телевизор додека додека ти гледаш директен пренос на натпревар и бесно ми довикуваш да се тргнам.
Да, јас сум таа лудачка, со луди идеи кои твоите мозочни клетки никогаш нема да ги сфатат.
Ме сакаш, понекогаш ме мразиш, затоа што те гушам од прегратки додека ти гледаш здодевна емисија, велејќи ми дека јас сум таа здодевната.
Ех дечко мој, задржи си ја таа здодевната, таа што се гали како дете, таа што се смее без причина, девојката со слободни чувства.
Запомни дека ништо не е вечно, па ни таа.
Слободниот дух на слободната девојка лесно ќе испари од твојот живот заедно со нејзината душа, со нејзината енергија доколку постојано ја гледаш како воздух пред себе.
А ќе се случи тоа, верувај.
Потоа ќе ја бараш, ќе ја довикуваш тивко во ноќта, ќе си поставуваш милион прашања, но ќе бидат без одговор.
Тогаш ќе го нема тоа нејзино дрдорење на кое ти не му посветуваш ниту десет минути, тогаш ќе сакаш со внимание да ја слушаш, но нема да ја најдеш!
Ќе ме бараш, но нема да ме најдеш!