Искреноста се плаќа, а јас сум шворц!

Искреноста се плаќа, а јас сум шворц, знаеш?

iskrenosta-se-plaka-a-jas-sum-svorc-1

Премногу платив, а ми беше вратено повеќе пати со солзи, многу со оставање, помалку со прегратка и најмалку со љубов.

Можеби си искрен, но јас не ти верувам, нема да ти верувам до крајот на вечноста сè додека не ми докажеш.

Нема да ти верувам сè додека не ми ја отвориш душата, сè додека не ме оставиш да ти прошетам низ мислите, да те гризнам за срцето.

Нема да ти верувам сè додека не ми ги раскажеш твоите стравови и тајни кои очајно ги криеш, а јас сакам очајно да ги слушнам.

Не бидејќи сум љубоморна, бидејќи сакам да те запознаам, многу ретко луѓето денес сакаат да те запознаат таков каков што си, често те прифаќаат или осудуваат онаков како што не си!

Баш како закон во физиката, ова е закон на човечноста која полека, но сигурно изумира.

Биди ти тој човек меѓу луѓето, биди ти тој што ќе ми го стопли срцето со своите зборови, искра во очите и насмевка измамена од љубовта.

Врати ми ја довербата која верувај одамна сум ја изгубила трагајќи по нешто невидливо.

Врати ми ја надежта бидејќи таа ме одржуваше во живот, а сега се чувствувам како жив мртовец кој чекори покрај тебе, ја држи твојата рака без сила да ја стисне и да ја прилепи кон срцето заспивајќи во твојата прегратка.

Јас не можам да заспијам покрај тебе, бидејќи твоите гради сè уште се непозната, ладна перница за мене, а надвор е зима, ладно е, верувај таа нема да ме стопли ако претходно добро не ја загрееш со твоето срце.

Затоа ти кажувам дека искреноста се плаќа, а јас сум шворц, те молам позајми ми љубов, ти ветувам дека ќе ти ја вратам!

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg