Приказна за 10 секунди: Што сѐ се гледа кога ќе ја запалиме светилката во себе?
За луѓето е лесно кога се во друштво на други, но најтешкото доаѓа кога остануваме сами со своите мисли во темнина и единствено тогаш ја палиме светилката во нас, гледајќи го сето она што не успеваме дотогаш да го видиме.
Но, треба да бидеме свесни дека кога нашето его има лош ден, тогаш на душата ѝ е прекрасно.
Погледнете што сѐ се случува кога единствената светлина што ја имаме е во нас самите:
„Патував во Рим. Тоа е едно од моите четири свети патувања, на кои заминувам со магична традиција.
После 20 дена поминати во самотија, почувствував дека мојата состојба стана многу лоша, што не се случуваше кога го почнував патувањето.
Во таквата самотија, започнаа да ме преплавуваат грди, зли мисли.
Го побарав својот водач и му раскажав што ми се случува. Реков дека тргнав на ова патување со цел да бидам поблиску до Бога, а три недели подоцна се чувствувам многу лошо.
„Тебе ти е подобро, не грижи се”, ми рече водачот. „Кога ќе го запалиме своето внатрешно светло, прво ја гледаме пајажината и прашината, односно своите слаби точки. Тие секако се тука, но не сме ги виделе од темнината. Сега кога веќе ги гледаш, ќе ти биде многу полесно да ја исчистиш својата душа”. ”
Пауло Коејло