Зошто не сме како сите нормални парови?

Прашање кое ми прелетува низ мислите како ладен ветер кој го наежува секое влакенце на моето тело на начин на кој ја замрзнува крвта во вените.

zosto-ne-sme-kako-site-normalni-parovi-1.jpg

Прашање чиј одговор нкогаш нема да го добијам од тебе, но уште помалку од себеси бидејќи немам претстава што е ова нашето.

Зошто да не бидеме како сите нормални парови кои си изразуваат чувства, туку со караница да ги влечеме еден од друг како со клешти од јазикот?

Зошто да не ме прегрнуваш секогаш кога ќе посакаш во толпата пред другите како што тоа го прават паровите кои се движат пред нас?

Љубоморна сум им знаеш?

Безобразно љубоморна на нивната љубов и предаденост иако знам дека кај некои е само извештачена и умислена со долго вежбани потези во фазата на монотонија и несреќа.

Но сепак, зошто да не ми кажуваш дека ме сакаш на начин на кој тоа го читам во книгите?

Зошто да не ме бакнеш во чело и да ми покажеш дека ме почитуваш туку мора на комичен начин со лесна шлаканица да ми покажеш дека тоа е така?

Зошто да не ми дадеш комплимент кога сум убава, туку наместо тоа да си полн со забелешки кога нешто не изгледа убаво на мене?

Зошто?

Зошто да не ми се јавиш пред да заспиеш само за да ми го слушнеш гласот?

Знам дека сакаш да го сториш тоа, но како беше она, ако навистина сакаш нешто ќе го направиш со причина, нема да бараш изговор?

Повторно милион прашања на кои нема одговор, повторно ќе потонат во сеќавањата сè додека ти не најдеш начин да ме потсетиш и пак да предизвикаш прашалници во моите очи на чие место треба да блеска онаа искра од мојата љубов.

Но, можеби избледна знаеш, можеби прашалниците долго време ја попречуваат нејзината перцепција и тек кои никако да се смират како бесно море на среде бура, за која си мислам, дека можеби никогаш нема да заврши.

zosto-ne-sme-kako-site-normalni-parovi-2

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg