Човекот го прашал мудрецот како да ја пронајде љубовта на својот живот. Еве го одговорот

Еден човек го прашал мудрецот како да излезе од затворениот круг на празното секојдневие во кое нема ни љубов ни среќа?

covekot-go-prasal-mudrecot-kako-da-ja-pronajde-ljubovta-na-svojot-zivot-eve-go-odgovorot-01

Мудрецот му одговорил дека може да излезе само на она место каде се спојуваат почетокот и крајот.

Длабоко се замислил и тргнал да го бара тоа место каде небото се спојува со земјата. Уморен од сè седнал на брегот на океанот мислејќи дека стигнал до крајот на светот.

Долго седел и го гледал сонцето како заоѓа и ѕвездите кои се појавуваат. Конечно го видел своето минато и својата иднина, како се спојуваат во сегашниот момент и го менуваат.

Тогаш го открил одговорот: Не постои место каде почетоците се спојуваат со краевите, туку на секое место крајот се претопува во нов почеток.

Повторно го побарал мудрецот за да му го каже одговорот и да дознае во кој момент може да се ослободи од лошата среќа.

Мудрецот одговорил:

Ако твоето минато е исполнето со страдање, почекај момент кога сонцето ќе се искачи на хоризонтот и тогаш остави ги сите страдања зад себе.

Ако во минатото си бил роб на лошите навики, почека да почне сонцето да изгрева и во следните 3 дена прави го само она што те прави среќен и што сакаш да го правиш до крајот на животот.

Ако и твоето минато е исполнето со тешки односи, тогаш побарај некои нови луѓе и тргни во својата иднина, а сите останати остави ги зад себе и не се врти назад.

Ако во животот не си се радувал, тогаш направи го она што те прави среќен, колку и да е тоа нешто мало. Тоа ќе се прошири и во твојата иднина.

Ако во твојот живот не си имал љубов, во тој момент погледни во сонцето и ќе ја сретнеш љубовта на својот живот.

Човекот му се заблагодарил и тргнал по својот пат. Веќе немал потреба повторно да го бара мудрецот.

Старите проблеми оставете ги зад вас и во новата година понесете го само она со кое сакате да ја исполните иднината.

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg