Едноставна реченица која ќе ви го промени животот
Во животот научени сме дека секогаш е полесно да им дадеме совет на другите отколку на себе.
Колку пати сте се нашле во ситуација да ги советувате пријателите што да направат, а кога ќе се најдете вие во истата ситуација да не знаете што да правите и тие да ви го кажуваат истото?
Токму затоа, потврдено е дека реченицата со која можете да си го промените животот, да се мотивирате и да успеете е ако сами на себе си кажете: „Го можеш ти тоа“.
Обраќањето во императивна форма, како да му кажувате на некој друг, во второ лице еднина е многу попродуктивно, отколку ако си кажете: „Го можам јас тоа“.
Кога се обраќате во второ лице, имате чувство како да му кажувате на некој друг или како некој друг да ве советува вас. Тогаш многу полесно се сфаќа и се прифаќа советот.
Со оваа реченица може да си помогнете во многу безизлезни ситуации низ животот, да се мотивирате и да постигнете големи резултати.
Употребувајте ја почетесто, затоа што го можете вие тоа!