Биди со тој што те пораснал!
Прости му на тој што те оставил, сакај го тој што останал и остани со тој што те пораснал, бидејќи тој те сака повеќе од самиот себеси.
Потсети се на начинот на кој внимавал на тебе и твоите чувства стравувајќи да не ги повреди.
Потсети се само на неговите прегратки кои биле доволно силни за да те утешат, но доволно лабави за да ти остават простор во кој ќе дишеш слободно.
Потсети се на првиот бакнеж кој го натерал да се заљуби во тебе, бил толку нежен и совршен, нели?
Прости му на тој што те изиграл, сакај го тој што те чувал и остани со тој што те пораснал, бидејќи тој те гледал како свое дете кое растело од ден на ден, се преобразувало од девојче во прекрасна девојка за која верувај се плаши дека ќе те изгуби секој ден.
Тој што те пораснал, не само во физичка туку и во психичка смисла е тој што те заслужува бидејќи неговото трпение и љубов кон тебе се бесконечни и бескрајни.
Тој секогаш ќе те остава засекогаш, но ќе се враќа повторно бидејќи те сака неизмерно. Ќе те бакнува во чело бидејќи те почитува во моментите на љубов, а во оние на страст ќе те полудува со своите бакнежи бидејќи ги знае твоите слабости.
Во моментите кога ќе глуми ладен да знаеш дека постојано внимава на тебе со страв дека неговото девојче ќе биде повредено или изиграно, во тие моменти е доволно далеку за да не го забележиш, но доволно блиску за да те одбрани доколку западнеш во опасност.
Биди со тој што те пораснал бидејќи неговото присуство ќе го чувствуваш и кога за рака те држи неговото одсуство, биди со него бидејќи те почитува, ти ја отвара вратата кон животот и те учи на неговите вистински вредности.
Биди со тој што те пораснал, бидејќи тој живее со надеж дека еден ден заедно ќе ги пораснете своите деца, заеднички деца на кои сигурно веќе им ги смислил имињата.
Бидете со тој што ве пораснал, да бидејќи тој ја планира иднината со вас, но исто така ќе направи се за да ви го разубави моментот со ружа или ситен подарок кој е мал гест што ја искажува неговата голема љубов.
Бидете со тој што ве пораснал бидејќи тој те направил подобра личност, а љубовта е онаа вистинската само доколку го извлекува најдоброто од тебе!