- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
15 чудни работи за кои сите сестри се караат, а истовремено се зближуваат
Сестрите се најдобри пријателки колку и понекогаш да изгледаат како најголеми сопернички. Сестринската љубов е посебен вид на поврзаност, која е посилна од многу други.
Тие може и да се караат и сè да се наречат, но на крајот на денот, по сите зборови и солзи, прегратката ги смирува сите страсти.
Затоа, некои караници како и да изгледаат отстрана, всушност само повеќе ги зближуваат.
1. Која ја сакаат повеќе бабите и дедовците?
- Баба ми го даде нејзиниот прстен за мене. - Дедо ми кажа дека повеќе се израдувал кога сум се родила јас.
2. Која има поубава коса?
- Бидете искрени и признајте дека се радувате кога вашата сестра ќе ја скрати косата и вие ќе имате подолга од нејзината.
3. Кога само едната од вас се сеќава на нешто од детството?
- Нешто што никој во семејството не се сеќава дека се случило, освен таа. Веројатно е посвоена.
4. На чија свадба ќе биде старосватица заедничката најдобра другарка?
- Веројатно како сестри имате многу слични интереси, желби и замисли, па доаѓа момент кога едната ќе ги искористи и оствари.
5. Хипотетички прашања?
- Ако можеше сама да одбереш сестра, која ќе ја одбереше?
- Повеќе сакаш брат или сестра?
6. Која ќе ги носи сивите чизми?
Ете наеднаш и двете направивте слични комбинации на облека, на двете ви одговараат сивите чизми кои заедно ги купивте по пола. Која ќе ги носи?
7. Што да ѝ купите за подарок на вашата мајка?
Понекогаш се прашувате како сте сестри, кога имате толку различен вкус и за ништо не можете да се договорите.
8. Која на кој кревет ќе спие кога одите на одмор?
Двете сакате на оној до прозорот, нели? Но, која ќе попушти? Не е фер, таа секогаш да го добива подоброто.
9. За која родителите трошат повеќе пари?
Онаа што повеќе ги слуша, добива повеќе од онаа што постојано се бунтува. Пак не е фер, нели двете сте им ќерки?
10. Која имала повеќе привилегии?
- Таа е постара и секогаш прва добива нова облека, прва доби нов автомобил, а вие само го користите тоа што таа ќе го надрасне.
11. Која повеќе работи дома?
Можеби чудно, но некако секогаш само едната останува дома кога има најмногу за чистење, миење садови или која не може да ја одбие мајката. Другата е секогаш незаинтересирана, безобразна, но полесно си поминува.
12. Која ги има наследено поубавите гени?
Само едната ги има наследено сините очи на таткото или малиот нос на мајката.
13. Која е поуспешна?
Секогаш едната покажува поголем успех во студиите или работата, па тоа станува одличен повод за фалби и перчење.
14. Која е поомилено дете?
Секогаш едната е поголема миленичка на тато, другата на мама. Но, понекогаш сакате и да си ги смените местата. Знаете да бидете љубоморни додека таа оди на шопинг со мама.
15. Која ја сака другата повеќе?
Колку и да се карате, да бидете љубоморни, на крајот не можете една без друга. Сите караници се случуваат затоа што навистина сте си важни една на друга, инаку би ви било сеедно. Ова се работи кои колку што ве скаруваат, толку повеќе ве зближуваат.