Поучна приказна за љубовта: Тато глуми дека јадењето е вкусно...

„Гледаш ли сестричке, тато повторно глуми дека јадењето е вкусно.”

poucna-prikazna-za-ljubovta-tato-glumi-deka-jadenjeto-e-vkusno-2

Ова е реченицата која ја изустило малото момче на својата сестричка после семејниот ручек со нивните родители.

А зошто? Прашало девојчето.

Па така е тоа, тоа е светот на возрасните, глумат чувства само за да не ги повредат чувствата на другите, но јас не сум таков, не глумам пред тебе, јас доколку тоа што ќе ми го зготвиш кога ќе бидеме повозрасни е грозно ќе ти кажам во очи и заедно ќе заминеме во ресторан, или ќе си порачаме пица.

Тогаш посакувам да готвам грозно, се насмеало девојчето.

Момчето започна да и дава комплименти за нејзината насмевка бидејќи бил среќен што тој ја измамил на нејзиното лице.

Понекогаш тато глуми насмевка, а мама солзи, рекло тоа замислено.

Се прашувам зошто тоа е така?

Најверојатно јас и ти ќе го правиме истото кога ќе пораснеме, нели?

Не, јас не сакам да глумиме, рекло девојчето.

Животот не е претстава, а ние не сме актери, ние сме живи суштества од крв и душа кои заслужуваат да бидат искрени еден кон друг, заслужуваат среќа, но вистинска, како оваа нашата иако сме мали.

Не знам како нашите родители можат да поднесат да живеат еден таков живот под маски, рекло тоа натажено.

Вети ми дека нема да бидеш како тато, нема да глумиш насмевки кога ќе пораснеме.

Ти ветувам, секогаш кога ќе бидам налутен ќе ти ја кажувам причината, но не сакам и ти да глумиш солзи само за да ја придобиеш мојата љубов. Веќе ја имаш, бидејќи братската и сестринската љубов никогаш не умира, можеш само да се потрудиш да ја задржиш со твојата насмевка, ништо повеќе.

poucna-prikazna-za-ljubovta-tato-glumi-deka-jadenjeto-e-vkusno-1

Ветувам, а ќе ме сакаш ли секој ден бато?

Ќе те сакам, одговорило момчето.

Како возрасните?

Не, ќе те сакам навистина!

Родителите на момчето го слушнале нивниот разговор и засрамено се погледнале помеѓу себе.

Од тој ден, неколку пати неделно јаделе пица, бидејќи ја сфатиле поуката од разговорот на нивните деца, но прашањето е што сфативте вие?

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg