10 работи кои сите сме ги правеле како мали во хотелите

Нема некој што не ги памти одморите со родителите и лудориите кои ги правевте во хотелите. Сигурно сите барем во еден момент сте се почувствувале како главни, дека можете што сакате да правите и сè ви е дозволено да побарате или нарачате, бидејќи мама и тато плаќаат.

ova-sigurno-ste-go-pravele-vo-hotelite-kako-mali-01

Нема нешто што би пропуштиле да искористите, од рецепцијата до ресторанот.

1. Ги јадевте сите бонбони од рецепцијата. Бесплатни се и дозволени за сите. Но, кој кажува колку се дозволени за еден?

2. Ги стискавте сите копчиња во лифтот. Не е интересно ако не застане на сите катови.

ova-sigurno-ste-go-pravele-vo-hotelite-kako-mali-2.jpg

3. Празнење на мини барот. Сите сокчиња и води што беа оставени ги пиевте. Зошто би ги оставале, ако не треба да се користат. Не е важно што родителите тоа треба да го платат.

4. Ги собиравте сите шампони, сапуни и капи за туширање. Штом се оставени за користење, значи дека се гратис и можете да земете колку ќе посакате.

ova-sigurno-ste-go-pravele-vo-hotelite-kako-mali-1.jpg

5. Скокање на креветите. Колку е добро чувството кога може да се забавувате, да ја растурите цела соба и некој друг да ја среди како ништо да не се случило.

6. Останувавте по цел час во бањата, под тушот, зашто во хотелите нема крај на топлата вода.

7. Јавување на рецепција и поставување чудни прашања. Па, нели секако тоа им е работа, да се јавуваат на телефон. Зошто да не ги прашате нешто што ќе ви падне на памет тогаш?

ova-sigurno-ste-go-pravele-vo-hotelite-kako-mali-4.jpg

8. Тропање на вратите од собите на другите гости и бегање. Нели ви беше забавно додека се криевте и се смеевте?

9. Нарачување собна услуга. Конечно имавте можност некој вас да ве служи и да ви донесе што ќе посакате. Не ни помислувавте на реакцијата од родителите кога ќе ја видат сметката. Еднаш се оди на годишен одмор.

10. Полнење на чинијата со омиленото јадење од шведската маса. Нема кој да ви забранува и да ве ограничува. Тогаш можевте да се изнајадете помфрит, сладолед, шпагети...

ova-sigurno-ste-go-pravele-vo-hotelite-kako-mali-3.jpg

Што правевте вие во хотелите како мали?

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg