Има ноќи...

Ноќта ми е омилен ден од денот, бидејќи е црна, исто како мојата душа.

ima-noki-1.jpg

Тивка е, бесчујна, слуша и не зборува, но кога ќе ми шепне нешто ме наежува, ме убива и ме тера да останам во нејзино друштво сè додека не се раздени.

Има ноќи кога сонувам будна.

Има ноќи кога лежам и гледам кон прозорецот, ги гледам сеќавањата како ми прелетуваат пред очи. Прелетуваат и се губат во светлината од сијалицата во мојата улица каде што се поздравувавме за добра ноќ.

Има ноќи кога те сакам, а не заслужуваш.

Има ноќи кога плачам, но без солзи.

Има ноќи кога се радувам што сум те запознала, но во тие ноќи најбрзо заспивам, бидејќи радоста знае да ме нападне и да ја спушти нејзината маска под која се крие разочарувањето. А верувај разочараноста не е баш нежна кога те милува на перница.

Има ноќи кога сакам да ти простам, но секогаш тие ноќи ги преспивам бидејќи така ме научи ти - кога не сакаш да направиш глупост во доцните часови, преспиј, изутрина ќе сфатиш дека добро си постапил.

Има ноќи кога сакам да те прегрнам, онака со двете раце околу половина, да те бакнам на носето и да заспијам, покрај тебе. Во тие ноќи најмногу ми недостасуваш, да знаеш.

Има ноќи кога те мразам, се каам што сум те запознала.

Има ноќи во кои се гушам, бидејќи сфатив дека сето тоа во кое што верував било лага, сите тие разговори за сродни души, две во едно кое на крај стана само едно, скршено на милион парчиња кои никогаш повеќе нема да се залепат.

Има ноќи кога ги пуштам нашите песни и се навраќам во твојата соба, во мислите, се навраќам на сите места на кои сме биле заедно, се навраќам на сè и не сакам повторно ништо да доживеам бидејќи доволни се спомените кои веќе ме убиваат. Не можам да замислам да те погледнам во очи, никогаш повеќе.

Едноставно не заслужуваш...

...бидејќи има и ноќи во кои седам будна и ги одбројувам сите твои заминувања, оставања, безбројни се, немаат крај, подобро речено немаа крај, сега е готово.

Има ноќи кога се надевам дека повторно ќе те љубам, повторно ќе те сакам, но не сакам. Како да ти објаснам, сакам ама не сакам.

Во тие ноќи сфаќам дека надежта можеби е добар појадок, но лоша вечера!

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg