Како да му кажам нему „Те сакам“?
Лежиме така прегрнати, му предам во прегратки, го милувам исто како што те милував тебе.
Ме бакнува, возвраќам исто како што те бакнував тебе, ги замсилувам твоите зелени очи, ги отворам и гледам кафени, се бунам за момент, па се освестувам.
Тоа не си ти, го прегрнувам посилно, бидејќи сакам да те прегрнам тебе.
Чувствувам вина кон двајцата и го бакнувам сè посилно, го прегрнувам уште посилно, како со прегратката да му се извинувам за сета љубов кон тебе.
Си викам, ќе го засакам, ќе биде.
Продолжувам да го бакнувам, тој возвраќа, станува сè потрагично.
Знам што следува. Mе соблекува, почнува да ме допира, повторно се бунам за момент, ме допира како што ме допираше и ти, но допирот го чувствувам постуден.
Се наежувам, се накострешшувам као маче, тој си мисли се возбудувам, а јас во себе врискам, полудувам, се препуштам и му се предавам, исто како што ти се предадов тебе, но ова беше различно.
При секое негово движење, силуетата на полусветлина те покажува тебе, се вртам и го гледам него, над мене, под мене, зад мене, ме гушка.
Заврши, фала му на Бога.
Го бакнувам на носето исто како што те бакнував тебе после водењето љубов. Се смешкам прикривајќи го гадењето. Го гушкам повторно уште посилно од претходно.
Слушам како два збора ми ги параат ушите толку блиску до неговите усни, тивко, но доволно гласно да ме оглуват: „Те сакам"!
Слушам и се прашувам...Како да му кажам нему „Те сакам" како што ти кажував тебе?
Д. М. | Црнобело