Отворено писмо до девојката која се омажи за мојот поранешен свршеник
Јас и ти никогаш се немаме сретнато, но сигурна сум дека си начула некои работи за мене. Признавам дека имаше денови кога посакував да те побарам штом дознав дека излегуваш со мојот поранешен свршеник, откако тој ме остави...
Кога дознав дека постоиш, признавам дека бев љубоморна. Се прашував, како е можно мојот поранешен свршеник да излегува со некоја само 3 недели откако ставивме крај?
Мислев дека ќе го поминам животот со него и го обожавав како луда. Го сакав. Нашиот живот како и свадбата беа целосно испланирани, но одеднаш тој изјави дека не е подготвен за брак.
После неколку недели, тој се исели од заедничкиот стан и замина некаде сам да си ги разбистри мислите. Јас се согласив на врска на далечина и се надевав дека сѐ ќе се среди.
Колку само бев очајна и продолжував да инвестирам во таа љубов, за која мислев дека ќе биде вечна. Тој се колнеше дека ме сака и дека јас сум единствена за него, а тогаш те сретна тебе. Ти го запозна мојот свршеник, пред тој да стане мој поранешен. Да, тој никогаш нема да признае дека тоа навистина се случи.
Знам како те запознал, на забавата која ти си ја организирала, а кога јас се сомневав тој ме напаѓаше дека немам доверба во него.
Многу е тешко да се одржи врска на далечина ако ја земеме предвид откажаната свадба, но додека беше со тебе ние сѐ уште се гледавме.
Конечно ставивме крај на сѐ и му реков повеќе да не ме бара, за да го заборавам што е можно побрзо. Не требаше да одговорам на телефонот таа ноќ, но моето срце беше скршено на милион мали парчиња. Се надевав дека ќе посака да ги поправиме работите и повторно да бидеме заедно, но тој не се јави заради тоа.
Беше пијан и ме праша дали ми недостига, дали се гледам со некого, но како можев да се гледам со било кој кога поминаа само 3 недели од нашето раскинување?
Дури тогаш слушнав за тебе, тогаш ми призна дека се гледате и дека врската ви била сериозна. Сѐ се одвиваше толку брзо што вие веќе се подготвувавте за брак, а јас само барав причина да те мразам, но не успеав.
Се тргнав на страна од сѐ и продолжив со мојот живот. Последно што дознав (откако тој ме контактираше на Фејсбук) е дека вие сте се земале, но 6 месеци подоцна тој брак завршил со развод. Секако дека ја избришав пораката.
Толку време живеев обвинувајќи се себеси и прашувајќи се каде згрешив. Некои работи е најдобро да се остават во минатото. Дознав дека повторно си се омажила и дека сега си мајка исто како и јас.
Време е да си честитаме една на друга и да си признаеме дека поминавме низ пекол, но нашите животи сега се прекрасни. Животот продолжува...