Среќата е релативна, мала и добро сокриена

Ако сакате да бидете среќни, рецептот е едноставен: не ја споредувајте моменталната позиција со онаа која е подобра од вашата, туку со онаа која е полоша.

srekjata-e-relativna-mala-i-dobro-skriena.jpg

Пред да тргнете во потрага за среќата, проверете, бидејќи можеби сте веќе среќни.

Среќата е релативна, мала и добро сокриена, а тоа го потврдува и оваа приказна која вреди да се прочита:

Двајца затвореници, делеле иста ќелија. Имале исти услови, но еден од нив цело време бил несреќен, а другиот среќен.

„Зошто си толку тажен?” – Среќниот човек го прашал несреќниот.

„На што да се радувам? Секако дека ќе бидам несреќен. До пред некое време бев слободен и имав сѐ што ќе посакам, а сега како што гледаш, заробен сум овде, додека надвор животот си тече.” - одговорил несреќниот.

„Знаеш - додал среќниот човек - неодамна бев во друг затвор, каде условите се многу полоши, храната е никаква, а ќелиите се ужасни. Имав цимер кој цело време беше насилен и ме тепаше кога ќе посакаше, но овој затвор за мене е слобода во однос на оној претходниот. Многу од тамошните затвореници сонуваат да бидат овде, но јас имав среќа. Зошто тогаш да не бидам среќен?”

Не е точно дека секој човек си ја крои сопствената среќа, но точно е дека самиот си ја кова сопствената несреќа. 

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg