Фотографија која ќе ви го скрши срцето: Со кого руча овој господин?
Еден дедо руча во ресторанот „In-n-Out-Burger“ во Калифорнија. Глетката би била како и секоја друга, ако покрај него не е фотографијата од неговата покојна сопруга.
Една девојка која седела во негова близина ја забележала фотографијата и ѝ станало јасно за што се работи. Заплакала истовремено и од жал, но и од сочувство. Глетката е прилично емотивна, посебно ако се знае приказната.
Тој и неговата сопруга се запознале кога имале 17 години. Втората светска војна ги разделила, но случајната средба во една берберница повторно ги споила.
Кога овој господин влегол во берберницата, таму ја сретнал ќерката на берберот и ја препознал дека тоа е неговата симпатија.
Наскоро се венчале и биле во брак 55 години. За жал пред 5 години ја изгубил.
Оттогаш каде и да оди си ја носи нејзината фотографија со себе за да не се чувствува осамен, што и да прави.