17 ветувања до мојата најдобра пријателка
Најдобрите пријателки секогаш имаат нешто посебно што ги врзува. Нешто што го прави нивното пријателство посебно. Сите среќни, тажни или нервозни моменти, сите солзи и насмевки, караници и прегратки. Сите разлики и сите сличности кои ги прават неразделни.
Тие секогаш имаат што да си ветат и за што да се заблагодарат:
1. Ти си најдобрата личност што ја познавам и јас не сум јас кога ти не си ти.
2. Никогаш нема да ти дозволам да одиш на состанок со некој што не те заслужува.
3. Никогаш нема да ти дозволам да си направиш некоја лоша фризура.
4. Јас ќе бидам секогаш тука дури и кога си во најлоша состојба.
5. Извини што еднаш ти кажав дека го мразам твоето момче, но тој навистина беше идиот.
6. Ти благодарам што седеше до мене кога првпат испив пиво.
7. Ти благодарам што се грижеше за мене кога се опијанив по второто пиво.
8. Ти благодарам што ме слушаше додека плачев за поранешното момче.
9. И за тие после него.
10. Веројатно никогаш нема да престанам да ти пишувам која комбинација на облека сум ја одбрала, само за да бидам сигурна дека е вистинската.
11. Колку и да сме разделени, тоа нема да направи разлика. Ветувам дека ти секогаш ќе ми бидеш како сестра.
12. Не жалам за ниедно момче кое ми го скршило срцето, затоа што ти беше секогаш покрај мене во тие моменти.
13. Ветувам дека ти ќе ми бидеш старосватица на свадбата, а и јас тебе.
14. Ќе бидам покрај тебе кога ќе го родиш првото дете и сигурна сум, ќе се дружат со моето, како нас.
15. Ќе бидам секогаш достапна кога ќе сакаш да се пожалиш од работата или свекрвата.
16. Ќе бидеме заедно и кога ќе остариме. Ти ветувам дека заедно ќе шетаме во паркот.
17. Ќе бидеме заедно до крајот на животот, без разлика на сè. Затоа што ветувам дека секогаш ќе бидам твоја најдобра пријателка!
Со кое ветување би ја дополниле вие оваа листа?