Кратка приказна која ќе ве замисли: Како изгледа светот низ валкан прозорец?

Дали нашето гледање кон светот кој нѐ опкружува, зависи од чистотата на нашиот прозорец? Сметате ли дека понекогаш работите не ги гледате онака сјајно како што тие заслужуваат?

kratka-prikazna-koja-kje-ve-zamisli-kako-izgleda-svetot-niz-valkan-prozorec-1

Понекогаш луѓето го гледаат само она што сакаат да го видат, па ова што подолу ќе го прочитате вистински ќе ве замисли и ќе ги промени вашите погледи кон светот.

Оваа кратка приказна ќе ви ги „зачисти” очите:

Млад пар се преселил во нова куќа. Наутро, додека тие појадувале, жената ја здогледала сосетката како ја простира штотуку перената облека на жицата за сушење.

„Не и е баш чиста облеката”, вели жената. „Не знае како се пере облека, а можеби и е потребен подобар детергент.”

Мажот погледнал кон сосетката не кажувајќи ништо.

Секојпат кога нивната сосетка ја простирала облеката, младата жена го коментирала истото.

После месец дена, едно утро жената се изненадила кога ја погледнала облеката на сосетката, прекрасна и чиста. Тогаш таа му рекла на својот маж:

„Погледни, конечно научила како треба да се испере облеката. Се прашувам кој ја научил?”

Мажот ја погледнал и одговорил:

„Јас ова утро станав порано, па ги измив прозорците.”

Така е и во животот. Тоа што го гледаме додека ги набљудуваме другите, зависи од чистотата на прозорецот низ кој гледаме.

Се согласувате ли? 

Би можело да ве интересира:

Не сме изморени од животот - Изморени сме од разочарувања и да нè повредуваат другите Не сме изморени од животот, изморени сме да гледаме назад, постојано да гледаме ...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
Најубавите пораки за 8 Март што можете да им ги испратите на жените во вашиот живот „Кога помислувам на силна жена, помислувам на тебе. Ти си мојот суперхерој кој с...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Приказни на Македонец - рецепционер во хотел: „Сомнителен маж ме демнеше преку прозорецот додека раб... Нешто после полноќ, на безбедносните камери видов млад дечко пред хотелот... Ме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg