Она прекрасно чувство кога секое утро ви кажуваат дека сте прекрасни

Таа ми беше најлошата година во мојот живот. Ја изгубив мојата прекрасна 48-годишна мајка од рак на белите дробови, а истата година ставив крај на долга врска, посакувајќи во новата година да се фокусирам само на себе.

ona-prekrasno-cuvstvo-koga-sekoe-utro-vikazuvaat-deka-ste-prekrasni-1

Се заколнав дека никогаш повеќе нема да се обидам да имам нова врска и одбивав да излегувам на состаноци, но тогаш се појави тој. Не сакаше да ме остави на мира, а јас не ни знаев дали воопшто ми се допаѓа или се допишувам со него бидејќи ми е здодевно. Но, конечно ме убеди да се сретнеме.

Совршено се сеќавам на таа ноќ и памтам што тој носеше и сѐ уште се сеќавам како ми чукаше срцето во гради кога првпат го здогледав. Тој беше висок со црна коса и најсветлите сини очи кои дотогаш сум ги видела.

Да, признавам дека беше мој тип на момче, но нешто ме натера да го посакам повеќе. Сѐ што претставуваше тој ме привлекуваше, од начинот на облекување до начинот на кој зборуваше.

Тој не само што влезе во мојот живот, туку и го промени целиот начин на кој јас гледав кон животот. Секое утро ме буди со истата реченица, велејќи ми колку сум прекрасна и чувството е магично. Толку сум благодарна што тој се појави во мојот живот.

Тој знае точно што да каже кога сум тажна и ми ја дава сета потребна енергија. Со него не се чувствувам како да мораме да бидеме заедно, туку тој секое утро ми дава до знаење дека јас треба да бидам со него.

Верувам дека мојата мајка успеала да најде начин да го донесе во мојот живот со причина. За да ме научи на една лекција и да ми покаже дека јас заслужувам љубов. Можам да бидам подобра личност и да преземам ризик, бидејќи тоа е најдобро нешто што го направив.

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg