Фрлете ја паричката во воздух!

Надежи, соништа, несполнети желби... Животот се состои од сето тоа, во спротивно не би бил интересен. Што кога би имале сè што посакуваме? Тогаш нема да имаме желби и соништа кон кои ќе се стремиме секој ден се додека не ги постигнеме.

frlete-ja-parickata-vo-vozduh-01.jpg

Во меѓувреме, на патот до нашите желби, соништа, љубовни ситуации и пријателски односи секогаш треба да донесуваме одлуки дали да тргнеме кон левата или десната кривина, но ретко кога сме сигурни дека одлуката е правилна доколку патот го гледаме за прв пат, а патокази нема никаде.

Кога разумот и срцето се борат помеѓу себе, колуминацијата и перипетријата во полно светло ни ги насолзуваат очите од блесокот, ни ја отежнуваат мислата и ние не знаме што да правиме повеќе, во тој момент треба да се препуштиме на случајноста или така наречената судбина.

Тогаш е време да ја фрлиме паричката во воздух!

Добро слушнавте, земете паричка, погледнете ги нејзините две страни и поставете си го прашањето за кое треба да донесете одлука.

Доколку се двоумите помеѓу две работи, петката именувајте ја со едната работа, главата со другата работа. Оставете едно од нив да ви помогне во донесување на одлуката.

frlete-ja-parickata-vo-vozduh-02.jpg

Сега, фрлете ја паричката во воздух...

Срцето ви затреперува, почнувате да се прашувате што ќе се падне...

Тука е одговорот!

Која од двете работи помеѓу кои се двоумевте помисливте дека ќе се падне?

Тоа е таа вистинската. Вие уште пред да ја фрлете паричката сте знаеле која одлука е правилна бидејќи човечката интуиција никогаш не греши.

Нема потреба да погледнете што се паднало, вашето срце веќе ја знаело вистинската одлука кога паричката била во воздух.

frlete-ja-parickata-vo-vozduh-03.jpeg

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg