Животот е како изминување 15 километри на високи потпетици

Чекорев како жив мртовец низ тие темници во кои единствена светлина беше давењето на месечината во езерото, чиниш се милуваа во ноќта.

zivotot-e-kako-izminuvanje-15-kilometri-na-visoki-potpetici-1.jpg

Додека депресијата го обземаше мојот дух и ги заслепуваше моите очи, дишењето ми станануваше сè потешко. Стравот ми го ежеше секое влакненце од телото и си мислев дека единствено водата може да ме ослободи.

Чувството кое ме обземаше додека визуелизирав како таа ме измива одвнатре, ја измива мојата душа и ми ја дава смиреноста која долго време ја посакував почна да ми се допаѓа.

Наеднаш таа бескрајна темница се претвори во ограничен простор со карпести огради од кои се удираа брановите и го создаваа оној вознемирувачки звук кој одsвонуваше сè погласно во моите уши и се соединуваше со силното чукање на срцето.

Расфрланите мисли, измешаните чувства и пепелта од последната цигара се давеа во водата.

А јас, потиштена и смирена и покрај стравот, решив да уживам во убавината на црната темнина која и не толку се разликуваше од мојата душа.

Моментот кој толку многу го замислував и го споредував со лексилиум за смирување сега беше заменет со страв од непознатото.

Ја пуштив раката сакајќи да го погалам мојот иден убиец! Беше толку студена што ми беше страв да ја стиснам и да ѝ се препуштам. Се оддалечив и почекав уште еден момент.

Во тој момент се премислив. Тргнав назад кон темницата, барајќи ја светлината.

Иако сфатив дека тоа е само светло од возилата кои поминуваа покрај мене, јас чекорев цврсто и со крената глава.

Како да не забележувам ништо. Немирот, стравот и депресијата се имаа здружено против мојот разум и сакаа да го уништат.

Но, тој беше посилен, можеби не силен колку болката во моите стапала од високите потпетици, но доволно за да ме натера да продолжам по патот кој чиниш ми изгледаше бесконечен.

Се движев и покрај страшната болка. Цели 15 километри на тие високи потпетици. Тоа боли, јас нагазував повеќе, бидејќи едната болката ја убиваше другата, нели?

Очајно се трудев да разберам што ми се случува и на крајот сфатив дека животот е како изминување многу километри на високи потпетици, можеби нозете те болат, но треба да продолжиш да газиш цврсто бидејќи ќе дојде моментот кога болката ќе помине и ти ќе продолжиш да чекориш слободно како никогаш досега...

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg