Мудри реченици кои секогаш ги забораваме

Можеби токму овие неколку реченици успешно би ни помогнале да ги пребродиме сите препреки на патот, но за жал истите „успешно” ги забораваме.

vistini-koi-site-gi-zaboravame-1

1. Никогаш не ги споредувај своите слабости со туѓите доблести.

2. Држи го својот живот цврсто во рацете, бидејќи во спротивно некој друг ќе го држи.

3. Не можеме да ги промениме картите кои ни се доделени, но можеме да го промениме начинот на кој ќе играме.

4. Не качувај се на планина за да те види светот, туку качи се на врвот за ти да го видиш светот.

5. Кога ќе ги прифатиш своите ограничувања, ќе можеш да ги поместиш нивните граници.

vistini-koi-site-gi-zaboravame-2

6. Удобноста е непријател на успехот.

7. Без разлика што зборуваат другите за тебе, ти не мораш да одиш на кафе со нив, не мораш да живееш со нив и не мораш да одиш во кревет со нив.

8. Ако ништо не ризикуваш, ризикуваш сѐ.

9. Не им дозволувај на другите да влијаат врз твоите емоции. Бидејќи тие се само твои и само ти можеш да манипулираш со нив.

10. Со помош на победата светот те запознава тебе, но со помош на поразот ти го запознаваш светот.

vistini-koi-site-gi-zaboravame-3jpg

11. Ако не правиш глупости додека си млад, ќе немаш на што да се смееш кога ќе остариш.

12. Не го троши времето на објаснување, луѓето и онака го слушаат само она што сакаат да го чујат.

13. Не се одмарај после првата победа, бидејќи ако вториот пат паднеш, ќе се појават тие кои ќе речат дека твојата прва победа е чиста среќа.

14. Секој сака да го промени светот, но никој не сака да се промени себе.

15. Личноста со која ќе поминеш најмногу време во животот си ти, затоа гледај да бидеш што поинтересен.

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg