- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Чувства кои посакувам да исчезнат
Постојат мигови кои сакале или не, сепак нѐ навраќаат назад во спомените, претураат низ нашето минато. Чувствата кои се појавуваат заедно со нив, посакуваме да испарат како случаен дожд среде летна жештина.
Спомените често се присутни и во текот на животот учиме да живееме со нив, исто како што учиме да ја гледаме иднината во одразот на минатото, преку огледалото на сништата.
Но, сепак постојат чувства кои со коноп се врзани за тие спомени и едноставно посакуваме да исчезнат.
- Како оној миг, кога ќе се сетите на сите моменти што сте научиле да ги заборавате.
- Кога ќе се сетите на добрите работи од минатото.
- Чувството кога се обидувате да сокриете што навистина чувствувате.
- Кога се обидувате да ја потиснете љубовта, бидејќи вашата симпатија сака некој друг.
- Чувството кога сте со некој во врска, но едноставно знаете дека тоа нема да потрае.
- Ризикот повторно да се заљубите.
- Вистинска љубов во погрешно време.
- Чувството кога го спречувате срцето да сака некого.
- Она кога, ја сакате таа една личност толку многу што ве заболува.
Кои чувства посака ти да исчезнат?