Грешки поради кои станав нејзин поранешен сопруг

Ако барате некој од кој можете да научите нешто повеќе за бракот и начинот на кој можете да го упропастите истиот, тогаш го најдовте вистинскиот човек.

greski-zaradi-koi-stanav-nejzin-poranesen-soprug-1

Дури и ако мислите дека сте во среќен брак, помислете повторно, бидејќи можеби сте на чекор до собирање на сѐ што поседувате и преселување на нова локација како самец.

Признавам, направив многу грешки и да можам одново да почнам со сигурност би сменил многу, бидејќи доцна сфатив дека не станав ништо од она што и ветив на својата, сега поранешна, сопруга. Станав онаков каков што ветив дека никогаш нема да бидам.

Станав мрзелив

Одеднаш сѐ ми се чинеше толку удобно и сѐ земав здраво за готово, исто како и многу брачни двојки. Бракот ми се чинеше лесен и едноставен и мислев дека мојата сопруга и јас сме заедно бидејќи, сме совршени како такви.

Бев 99% сигурен дека можам да бидам тој што сум и да правам сѐ што ќе ми дојдеше на ум. Но, згрешив. На мојот брак не мислев како што мислев на парите во паричникот, работата, можам слободно да кажам дека повеќе размислував на тоа што ќе јадам за пауза, отколку што мислев на бракот.

Затоа, обрнете внимание бидејќи и тоа е едно од ветувањата кои си ги давате штом ќе кажете „Да”.

Станав себичен во сексот

Станав најлошиот љубовник на сите времиња. После толку години живеење во заедница, таа конечно собра храброст да ми кажува кои работи и се допаднале за време на сексот, а што не и се допаднало, но знаете што беше проблемот? Јас и воопшто не ја слушав и единствено ме интересираше моето задоволство.

greski-zaradi-koi-stanav-nejzin-poranesen-soprug-2

Реков работи кои не можам да ги повлечам

Ништо, ама буквално ништо, не може да ги избрише зборовите, а вие ќе се каете целиот свој живот што не сте го држеле јазикот за заби. Дури сега сфаќам колку незрело се однесував и колку бев глупав што си дозволив да ја повредам.

 Затоа, ви советувам навистина да размислувате пред да кажете што било. Дишете. Гризнете си го јазикот. Излезете од дома. Направете нешто, само не дозволувајте да кажете работи кои толку многу ќе заболат, што таа болка никогаш нема да исчезне. Додека да трепнете, вашиот брак се распаѓа.

Можеби си мислите дека ќе ви биде убаво, ќе живеете сосема сами во нов стан, слободни како птица, ќе вечерате што сакате на каучот додека гледате натпревар...

Но, пријатели, не можете ни да замислите како е...

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg