Запрашајте се, зошто сè уште стоите?
Зошто сè уште сум тука? Моето присуство одекнува со тивко шушкање и по некоја воздишка. Тука сум, веќе не сакам ни да вриснам, изморена од вложениот труд.
Зошто сè уште сум тука? Без аргументи. Со солзи во очите.
Зошто сè уште и вие сте таму? Покрај човекот кој ве повредува, во љубовта која ви зема сè. Боси, гладни и жедни. За допир, топол збор. Прегратка која ги руши сите стравови. Бакнеж кој ви го одзема здивот. Љубов која ви ја враќа вербата.
Зошто сè уште сте тука? На работата, во друштвото, во околината каде не сте доволно ценети? Каде се чувствувате мало, непотребно? Во присуство на оние кои не им верувате.
Зашто стоиме таму каде што за нас нема иднина? Зашто се држиме до оние со кои никогаш не можеме да тргнеме напред?
Сакаме безусловно, го правиме она што треба без никаква корист, ја наведнуваме главата пред лагите, дозволуваме некој друг да ужива во она што ние сме го заработиле, се жртвуваме заради туѓата среќа...
Молчиме пред неправдата, пред фактот дека сме изморени од постојаното користење.
Зошто е толку тешко да се спротивставиме, да го пуштиме она нешто што нè кочи. Зошто немаме сила да го пуштиме она што го сакаме, а тоа нешто не нè сака назад?
Погледнете, и вие сè уште стоите таму каде што давате се од себе, а не добивате ништо за возврат.
Глупост? Надеж? Што ве одржува да останете таму каде што сте свесни дека немате иднина, онаму каде ја оставивте последната капка пот, искреност и жртва?
Ако не е глупост, ако не е надеж... мора да е љубов. Чиста и бескомпромисна. Љубов во која ништо не ви треба за возврат.
Или барем така мислите сè додека трпението не ги искористи сите батерии и сета струја на овој свет...