Животни лекции кои не ви ги кажаа во училиште
Покрај целокупното, непроценливо знаење кое го стекнавте за време на школувањето, одредени лекции не можевте да ги научите од школските клупи.
Моравте да излезете од нив, да доживеете неколку случки, да направите неколку разговори и да ги препознаете лекциите сами.
А колку од нив, всушност усвоивте?
1. Бидете љубезни. Никогаш не можете да знаете како другиот се чувствува. Не го отежнувајте теретот на личноста.
2. Потрудете се да го разубавите денот некому. И двајцата ќе имате корист од тоа.
3. Имајте сочувство кон секој, без оглед на делата. Повредените луѓе повредуваат други луѓе, имајте го тоа на ум.
4. И, простете. Простувањето не значи дека се сложувате со она што ви е направено, туку дека се ослободувате од негативните емоции кои може да ви наштетат.
5. Лоши работи им се случуваат и на добрите луѓе. Пронајдете ги длабоко закопаните лекции, тие секогаш постојат.
6. Плачете почесто. Од тага или среќа, чувството е неверојатно.
7. Уживајте во процесот на случувањата. Често сме фокусирани на крајниот резултат, па ги пропуштаме малите чуда кои се случуваат на патот кон неговото остварување.
8. Не ја одбивајте можноста само затоа што сте исплашени. Користете го стравот како компас.
9. Бидете си пријател сами на себе. Премногу време поминувате сами за да се однесувате како непријател кон сопствената душа.
10. Бидете благодарни. Не само за големите и убави работи. Бидете благодарни за се.
11. Вашето здравје е темел на животот. Кога темелот е слаб, се што е изградено на него се руши. Започнете да го градите темелот уште денес.
12. Промената е добра. Таа ги проширува вашите граници. А, вие растете заедно со вашите граници.
13. Забавете го темпото. Животот е поубав кога одите побавно.
14. Не ги менувајте луѓето, инспирирајте ги со сопствените дела.
15. Учете од грешките, само внимавајте да не ги правите едните исти пречесто.