Прашањето кое ќе ви го промени животот засекогаш
Ако некој ве праша да го оцените квалитетот на својот живот на скала од 1 до 10, како би го оцениле? Истражувањата покажуваат дека само околу 3 % - 5 % од светската популација знае што сака.
Поставиле свои цели, краткорочни и долгорочни, а нивната цел во животот е да ги исполнат тие цели.
Дали се будите секое утро полни со амбиции и возбуда за новиот ден? Или, пак, ви е тешко да се разбудите додека ѕвони алармот за да започнете уште еден едноставен ден задоволувајќи се со она што го имате, останувајќи онакви какви што сте.
Повеќето луѓе минуваат низ животот без да знаат што сакаат и не барајќи начин за да си го подобрат животот.
Остануваат немотивирани, обвинувајќи ја судбината за сè што им се случува. Тие немаат внатрешен оган, немаат животен полет и не знаат дека само тие ја имаат најголемата моќ за да си го променат животот.
Сите кои се чувствувате така, поставете си го главното прашање кое откако ќе го одговорите, ќе ви го промени животот засекогаш:
Кога би можел да имам што ќе посакам, да бидам што сакам и каде што сакам, независно од парите, цената, возраста, образованието или талентот, што би било тоа?
Тоа е најважното прашање во вашиот живот. Земете лист и пенкало и напишете го сето она што го сакате. За да почнете да ги остварувате целите, мора прво да ги знаете. Штом ја имате листата на цели, на која секојпат ќе се потсетувате ќе знаете и што ви е најважно во животот, впрочем и зошто живеете.
Одговорете си го најважното прашање и променете си го животот!