Животот е премногу краток за да ги толерирате овие 20 работи
Ако ви се чини како да трчате во место, тогаш големи се шансите дека толерирате работи кои не би требало.
Немојте само да се помирите со животот. Секојдневно пред вас стојат разни можности и избори.
Бидете храбри и ризикувајте, но не го трошете времето на овие 20 работи:
1. Луѓе кои ве потценуваат
Врските и односите постојат за да ви помагаат, а не за да ви одмагаат. Поминувајте време со луѓе кои се паметни, активни и имаат слично размислување како вас.
2. Работна атмосфера која ја мразите
Ако не ви се допаѓа атмосферата на работа, продолжете со потрагата по ново работно место. Тешката работа не е тешка кога сте концентрирани на својата страст.
3. Сопствената негативност
Бидете свесни за својот внатрешен разговор. Во нашата глава ние континуирано разговараме со себе, но сѐ уште не сме свесни како тоа што го зборуваме влијае на нас. Почнете да ги слушате своите мисли и штом чуете нешто негативно, престанете со тоа и заменете го со позитивно.
4. Недоразбирања
Кажете го она што го мислите. Мислете на она што го кажувате. Зборувајте јасно. Поставувајте прашања. Разјаснете ги работите додека не ги сфатите.
5. Неорганизиран живот и работен простор
6. Сопственото доцнење
Станете 30 минути порано за да не морате да трчате наоколу и да брзате. Тие 30 минути ќе ви помогнат секаде да стигнете на време.
7. Притисок за да се вклопите
Секогаш бидете онаа личност која што сте, а вистинските луѓе ќе ве прифатат и нема од вас да бараат да се промените.
8. Нездраво тело
Вашето здравје е ваш живот. Немојте да се откажувате од него. Јадете правилно, вежбајте и редовно правете проверки.
9. Страв од промени
Животот е промена. Секој ден е поинаков. Секој ден има нов почеток и нов завршеток.
10. Само работа, без забава
Уживајте и забавувајте се штом ви се пружи шанса.
11. Рекламите кои ви даваат чувство дека не сте доволно убави
Добриот изглед привлекува погледи, но личноста привлекува љубов. Бидете горди на себе, бидејќи сте прекрасни на свој начин.
12. Недоволно сон
Уморниот ум е ретко продуктивен.
13. Повторување на истите работи
Колку повеќе искуство стекнете, толку повеќе станува интересна вашата животна приказна.
14. Алчност
Запомнете, алчноста ги разочарува и најсреќните.
15. Брдо долгови
Живејте добро, но секогаш под своите крајни можности. Не купувајте работи кои не ви требаат и држете се до буџетот.
16. Непочитување
Живеење мирен живот донесува мир на умот, а мирот во умот е непроценлив.
17. Неверство
Интимните односи се света врска, односно круг на доверба. Ако двете страни не размислуваат на тој начин, тогаш таа врска не е вредна.
18. Несигурен дом
Ако во домот не се чувствувате сигурно, нема никаде на светот да се чувствувате сигурно. Создадете дом кој се темели на љубов.
19. Неподготвеност
Животот е непредвидлив. Постои голема разлика помеѓу страв и неподготвеност. Секогаш бидете подготвени.
20. Делувајте
Создајте нови прилики. Ако само седите и размислувате, нема да можете да направите никакви промени, ниту да напредувате.