Нашите секојдневни грижи се сведоа на ситници кои не заслужуваат внимание

Добро дојдовте во 21 век! Век во кој луѓето, заради големата количина на секојдневен стрес, се грижат за најневажните ситници.

nasite-sekojdnevni-grizi-stanaa-sitnici-koi-ne-zasluzuvaat-vnimanie-1

Колку време поминувате размислувајќи и грижејќи се за неважни работи? Сигурно премногу. Иако постојат работи на кои навистина треба да се обрне внимание, но постојат и такви кои само ви ја црпат енергијата.

Понекогаш треба да ги оставите работите да си течат по својот тек, бидејќи времето е далеку повредно за да го потрошите на неважни ситници:

1. „Зошто ме избришал/а од Фејсбук? ”

Запомнете добрите пријатели или познаници не прават такви работи, а другите и онака не се важни.

2. „Дали неговата/нејзината мајка сака повеќе бели или црвени ружи?”

 Не е важно, таа ќе го цени гестот.

3. „Дали да ја скратам косата и да направам драматична промена?”

Промената може да биде одлична за вас и за вашата самодоверба, а косата повторно ќе порасне, зошто да не го сторите тоа?

4. „Треба ли да излезам со него/неа на состанок?”

 Секоја заслужува шанса, а светот нема да пропадне ако испиете едно кафе. Којзнае, можеби ќе се случи неочекуваното.

5. „Дали погрешив кога (замислете било која одлука од минатото)?”

Не можете да го промените минатото и затоа треба да ги оставите работите такви какви што  се и да мислите на иднината.

nasite-sekojdnevni-grizi-stanaa-sitnici-koi-ne-zasluzuvaat-vnimanie-2

6. „Мојот директор не беше задоволен од сработеното, треба ли да бидам загрижен/а?”

Луѓето често критиките ги доживуваат исклучиво како негативни работи, а не сфаќаат дека тоа е вредна лекција која ќе им помогне во иднина да го подобрат квалитетот на работењето. Ако се правите погрешно нема да ви даде критика, туку отказ.

7. „Сите ја забележуваат оваа акна, нели?”

Не!

8. „Мојата пријателка погрешно го разбра коментарот и сега ми се лути”

Ако е вистинска пријателка, ќе сфати дека не сте мислеле така и нема воопшто да се лути.

9. „Дали луѓето ме сметаат за помалку вредна бидејќи сѐ уште не завршив факултет и не сум вработена?”

Паметните и добро воспитаните луѓе не ве гледаат како такви, а на другите не треба воопшто да им придавате внимание. 

10. „Дали неговите/нејзините пријатели ќе ме засакаат?”

Сигурно нема да им се допаднете на сите луѓе, но вие најмалку ќе видете виновни за тоа. Најважно е вие да сте среќни, а другите се само зрно песок под вас двајцата. 

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg