Писмо до мојата идна свекрва
Досега сум видела многу начини на функционирање на односот снаа- свекрва. И не сите ми се допаднале. Некои од нив навистина имаат одличен соживот, но има и такви кои едвај си прозборуваат...
„Драга идна свекрво,
Ти си завршила одлична работа во поглед на воспитувањето на твоите деца. Јас планирам со вашиот син да го поминам остатокот од својот живот, а штом сум донела таква одлука не се ни сомневај дека некаде си погрешила.
Но, сега е време е да се повлечеш и да ме оставиш мене и мојот сопруг, самите да се снајдеме околу нашите деца. Можеби јас немам искуство како твоето, но научив многу од мојата мајка, тетка, баба и секако дека знам како треба да постапувам во одредени моменти.
Сигурно ќе постојат моменти коа ќе ме критикуваш и ќе ми посочуваш на грешките, но јас ќе го послушам твојот совет единствено тогаш кога истиот и ќе го побарам од тебе.
Јас од тебе барам секогаш да ги почитуваш моите родителски правила и да не им противречиш. Ќе ти дозволувам да ги кршиш оние ситни правила, но нема да дозволам да ги разгалиш премногу моите деца.
Ова писмо би сакала да го сфатиш како еден вид на водич за градење на нашата здрава и среќна врска. Двете не одржува љубовта кон семејството, а јас се надевам дека на крајот од денот ќе пронајдеме начин да направиме место за љубов меѓу нас две...или барем ќе се почитуваме.
Со љубов, твојата идна снаа“.