Работи кои ги научив во 20-тите години
Обожавам да читам романтични новели и навистина би било прекрасно ако работите завршуваа со реченицата: „и си живееја среќно до крајот на животот...”.
Но, дури во 20-тите сфатив дека работите се многу поинакви. Сите сме ги поминале оние мали транзиции почнувајќи од заљубување, скршено срце, разочарување, солзи, смеа и на најразлични начини се обидуваме да го сфатиме што е можно повеќе зборот ЉУБОВ.
Во 20-тите учиме дека е време самите да донесуваме одлуки и некогаш тие ќе бидат правилни, а некогаш погрешни. Од овие години научив дека е во ред да бидеме себични и некогаш да мислиме во сопствена корист, бидејќи во овој период сѐ уште откриваме кои сме навистина како личност.
Кога станува збор за љубовта, грешките кога тогаш ќе бидат направени. Но зарем можеме да научиме вредна лекција, без да преземеме ризик? Мислам дека тоа не е возможно.
Работите се случуваат кога најмалку ги очекуваме и да секако дека ќе се заљубите во некој кој ни малку не ја заслужува вашата љубов. Но такви се 20-тите.
Сфатив дека не постои совршенство. Колку побргу се ослободите од талкањето по Господинот Совршен, толку побргу ќе пронајдете некој кој ќе ви покаже колку е прекрасно несовршенството.
Од 20-тите научив дека не можам да натерам некој да се заљуби во мене, ниту да ме сака онака како што јас го сакам. Љубовта не можете да ја форсирате, доколку таа не е согласна.
Ниту пак можете да направите да стигне побргу до вас, а знаете ли зошто?
Затоа што сега сте во 20-тите и го имате цело време на светот за да ја пронајдете љубовта.
М.П. | Црнобело