Исти сме како и нашите родители, а кога ќе размислам тоа и не е така лошо

Оние кои одлично ме познаваат сигурно за мене би рекле дека сум „мамин син”, но јас тоа нема да го одрекувам. Напротив, јас самиот се опишувам со тој епитет...

isti-sme-kako-nasite-roditeli-a-koga-kje-razmislam-toa-i-ne-e-taka-loso-1

За мене, зборовите „мама” и „тато” имаа различни значења во периодот кога растев и го откривав светот. Некогаш означуваа готвач, некогаш доктор, тренер, слуга, спортски обожавател и уште многу други работи.На родителите секогаш гледав како на луѓе со над човекови моќи нешто слично како суперхерои.

Како што растев, сфатив дека тие имаат и други моќи за кои претходно не бев свесен, а тие моќи се грижливоста, љубовта и самодовербата кои ми ги даваа во огромни количини.

Сега сум самостоен и се обидувам да раководам со оваа игра наречена живот. Сфатив уште многу работи кои навистина ми го разбистрија умот и перцепцијата која дотогаш ја имав.

Моите родители не се само обични луѓе кои цело време сакаат само да „досадуваат”, тие се нешто многу повеќе. Сфатив дека тие ги немаат сите одговори, како што тоа го мислев додека бев мал.

Генерално гледано, сите луѓе се исти, сакале тоа да признаеме или не, сепак, така е. Секој од нас троши добар дел од животот размислувајќи за материјалното и за стекнување на енормно богатство на кое подоцна не би знаел што да му прави. Размислуваме за кариерите, за семејството и се преокупираме со брдо грижи.

Секој човек сака да биде прифатен да се чувствува како дел од целината, без разлика дали е богат или сиромав.

Децата не се раѓаат со упатства и инструкции па секој ги воспитува и учи за животот онака како што умее.

isti-sme-kako-nasite-roditeli-a-koga-kje-razmislam-toa-i-ne-e-taka-loso-2

Секој родител на светот ја посакува целата добрина и апсолутното најдобро за своето дете и не постои човек кој би посакувал нешто помалку од тоа. Можеби често забораваме, но и родителите се луѓе и тие имаат чувства и емоции како и сите останати.

Запомнете, тие не се совршени. Не можат да бидат.

Тие секогаш ги ставале моите надежи, моите соништа и моите потреби пред нивните. Но тоа и не им пречи толку бидејќи нив ги исполнува мојата огромна насмевка на лицето.

Она што моите родители ги прави „Мама” и „Тато” за мене е тоа што нивниот живот секогаш бил на второ место, далеку зад мене, а јас тоа никогаш не го побарав. И сето тоа само заради мојата среќа и заради нивната љубов кон мене која не би можела да се измери со ниту една мерка за мерливост.

Затоа би сакал да се заблагодарам на моите родители, но и на сите останати родители кои ја читаат оваа статија.

Ви благодарам за сѐ што правите за сите нас...

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg