10 мали начини на кои можете да го промените светот

Големиот Ганди рекол: „Биди ти, промената што сакаш да ја видиш во светот“. Сигурно секој барем еднаш помислил дека кога би имал моќ би направил некаква промена во светот. Но, не е потребна светска моќ за да се промени светот за момент.

10-mali-nacini-na-koi-mozete-da-go-promenite-svetot-01

Можеби некои работи немаат глобално влијание на целиот свет, но можат да променат нечиј ден или живот. Понекогаш многу малку е потребно за да бидеме среќни.

1. Купете некому кафе

Тоа е само кафе, кому му е толку неопходно? Можеби верувате дека никому не му значи кафе од 10 денари од некој автомат, но никогаш нема да знаете дека можеби таа чашка кафе некому ќе му го разубави денот, ќе го направи среќен или можеби ќе му даде целосно различна перспектива на работите. Не е задолжително да го направите тоа, не морате, но можете.

2. Насмевнете се

Во време кога светот го раководат „паметните“ телефони, се случува дури и целото поминато време на некој состанок или средба да помине без воопшто да го погледнете соговорникот во очи. Насмевката и директниот контакт станаа сè поретки. Насмевнете се некому и потсетете се на убавото чувство за блискост.

3. Дајте колку што можете

При секое менување на сезоната го преуредувате гардероберот и сигурно наоѓате барем по неколку парчиња облека кои веќе не би ги облекле. Зошто да ги чувате или фрлите, кога можете хуманитарно да ги донирате. Не само облека, често има акции со телефонски јавувања преку кои донирате 100 денари како помош. Пари кои во вашиот буџет не значат ништо, но некому се цело богатство. Колку и да е малку, дајте колку што можете.

4. Одржувајте ги контактите

Од кога не сте разговарале со вашата баба или со некој од пријателите од средно? Баба не е тука само за да ѝ побарате пари пред излегување. Таа едвај чека да најдете барем 10 минути во вашиот презафатен ден и да ѝ кажете нешто ново што ви се случило или барем да ја прашате како е, дали ѝ треба нешто. Пријателите со кои толку се дружевте во средно, заедно бегавте од часови или препишувавте еден од друг сега ги гледате само на Фејсбук. Сигурно не живеете толку далеку за да не можете да се видите и да испиете едно кафе, па да се потсетите на некои убави времиња.

10-mali-nacini-na-koi-mozete-da-go-promenite-svetot-1

5. Селектирајте ги проблемите

Соочете се со нив. Ајде размислете подобро, дали навистина сè ви е толку голем проблем? Научете да селектирате. Раскинувањето, крајните рокови на работа или загубата на некој близок, да, тоа се проблеми за кои ви треба решение и време за надминување. Но, дамката на новата маица, чевлите кои ви ги продале или облачното време сигурно не се еднакво големи проблеми на кои треба да им придавате толкаво значење.

6. Научете да возвратите

Ако добиете макар и најмалку, возвратете исто или повеќе. На тој начин го продолжувате процесот на помагање. Секогаш бидете подготвени да се заблагодарите и да покажете дека знаете да цените. Не само што вие ќе се чувствувате убаво, туку и од другата страна ќе предизвикате мотив за ширење на доброто.

7. Престанете да се споредувате со оние кои ги гледате на интернет

Сигурно на социјалните мрежи среќавате најразлични луѓе кои ви се допаѓаат и посакувате да бидете како нив. Но, никогаш не копирајте. Има причина зошто сте вие токму такви какви што сте, посебни на свој начин. Некој можеби посакува да биде и на ваше место, но важно е да знаете да се чувствувате добро во своја кожа.

8. Користете ги почесто „те молам“ и „благодарам“

Фрази кои звучат толку едноставно, се кажуваат со еден до два збора, а значат толку многу. Зошто да не ги кажете? Сигурно одлично се чувствувате кога некој ќе ви ја придржи вратата од влезот додека рацете ви се преполни со кеси? Покажете благодарност, заблагодарете му се.

10-mali-nacini-na-koi-mozete-da-go-promenite-svetot-2

9. Поддржете некој друг

Познавате некој пријател што сака да промовира нова песна или некој што започнува нов бизнис? Поддржете го! Понекогаш не е потребно финансиски да вложувате, туку само доза на доверба дека нешто ќе успее и неколку добри збора кои многу ќе му значат.

10. Борете се за она што го сакате

Што е она што ви дава најголема мотивација секое утро? За што не престанувате да сонувате? Направете го она за што верувате дека би го направиле ако ја имате сета моќ. Тоа се нарекува страст и за неа вреди да се борите.

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg