10 работи кои ги научив откако станав негова девојка

Јас не сум експерт кога станува збор за љубовта, но навистина постојат некои работи кои ги научив откога станав негова девојка.

10-raboti-koi-gi-nauciv-otkoga-stanav-negova-devojka-1

1. Избегнувам преголеми очекувања

Најлошото нешто што можете да си го направите себе си е да очекувате премногу. Ако барем малку си ги намалите критериумите и очекувањата, тогаш нема ништо да ве изненади и на тој начин секогаш ќе добивате повеќе. Оставете ги работите сами да одат по својот тек.

2. Одбирам да бидам искрена

И ништо помалку од тоа. Секогаш ќе бидам, бидејќи токму нему му ја должам мојата искреност.

3. „Мислам на тебе”

Научив дека една ваква порака му го прави денот поубав и барем во тој миг заборава на сите грижи и нервози на работа. Знам дека додека ја чита пораката на лицето му се исцртува искрена насмевка, дури и очите му се насмевнати.

4. Време за себе

Тој има потреба да биде сам со пријателите и тоа е во ред. Научив како да постигнам да го развивам својот социјален живот надвор од границите на нашата врска и прекрасно функционираме. Чувството е незаменливо кога секој има време само за себе.

5. Без разлика на што било...

Тој е секогаш тука за мене, како и јас што сум тука за него. Научив како да го расположам преку смешни фотографии или му го купувам омиленото чоколадо. Научив дека кога му треба поддршка јас секогаш треба да сум покрај него, без оглед на тоа какви планови сум имала.

6. Не ги оставам кавгите нерешени

Да, понекогаш и знам да се впуштам во кавга, но секогаш ќе изнајдам начин за да ги решиме сите проблеми. Научив дека кавгите ни го трошат она малку време кое го поминуваме заедно, но на крајот од денот сѐ решаваме со долги прегратки и многу разговор.

7. Го сакам заради тоа што е

Не заради тоа што има или тоа што нема. Го сакам токму онаков каков што е и никогаш не би посакала да променам нешто кај него. Бидејќи научив како да ги засакам сите негови маани.

8. Сакам да му недостигам

Научив дека е во ред што ќе поминат неколку денови додека не се видиме, бидејќи на тој начин повеќе му недостигам. На тој начин јас ги одржувам искрите во нашата врска, а можете да се обидете и вие.

9. Научив што значи верност и доверба

Конечно научив да не ја преиспитувам неговата верност и научив како да имам целосна доверба во него.

10. Научив да му бидам пријател

Освен негова девојка, научив како да бидам негова најдобра пријателка. Можеме да седиме со часови да разговараме и да не се бакнеме, но токму тоа е целата магија. Ние сме најдобри пријатели кои безусловно се сакаат и научив дека пријателството е основа за секоја врска. 

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg