Да се биде Алберт Ајнштајн на еден ден
Алберт Ајнштајн често ги посетувал универзитетите и одржувал предавања за теоријата на реалтивност. Еден ден неговиот возач за време на едно патување низ шега рекол:
-Господине професор, вашето предавање го имам слушнато повеќе од 30 пати. Го знам на памет. Би можел дури и да ве заменам.
- Одлично, - одговорил научникот, - еве ви прилика. Овде каде што патуваме, не знаат како изгледам. Дајте ми ја вашата капа и јас ќе бидам шофер, а вие претставете се како професор Ајнштајн.
Возачот се согласил и одржал одлично предавање. Кога тргнал да си оди, еден друг професор му поставил многу комплицирано прашање.
Но, возачот не се збунил, туку мирно одговорил:
- Изненаден сум што ми поставувате толку едноставно прашање. Одговорот го знае дури и мојот шофер. Еве, прашајте го!