Слушни ја тишината, гушни ја вистината

Ја слушаш тишината во тебе? Се прашуваш, а не ги слушаш одговорите. Тие се токму таму. Во тишината што ја потиснуваш длабоко во себе. Не слушаш? Не, туку се плашиш да слушнеш. Сите одговори се во тебе, само треба да им погледнеш во очи.

slusni-ja-tisinata-gusni-ja-vistinata-01

Отвори го бунарот во кој упорно ја давиш вистината. Не е потребно многу, само еден храбар чекор.

Сети се кога беше дете и не знаеше дали смееш или не смееш нешто да кажеш на глас, па без срам и страв зборуваше пред сите.

Отвори си ја душата и срцето, ништо не можеш да изгубиш, затоа што ако молчиш ништо и нема да добиеш. Само удавена вистина и гласна тишина.

Вртелешката на животот те тера да врискаш, некогаш од радост, некогаш од тага, но никогаш не можеш да молчиш.

Не ги голтај чувствата, туку пушти го гласот и застани гордо и исправено пред она што го сакаш.

Кажи им на оние кои ги сакаш, онака детски, наивно, едноставно и просто: „Те сакам!“

Не чекај повратен одговор, само искажи го она што го чувствуваш. Ако молчиш нема да ти помине љубовта, само може некој никогаш да не дознае за да ти возврати.

Кажи им на оние кои те нервираат. Проблемите не се решаваат потиснати длабоко, туку со гласно размислување.

slusni-ja-tisinata-gusni-ja-vistinata-1

Смеј се гласно без да се грижиш за она што ќе речат другите. Радувај се и живеј уникатно, лудо и откачено.

Не е важно колку години, ниту колку обврски и проблеми имаш. Насмевката не старее и никогаш не огрдува. Таа е најубавата шминка без рок на траење.

Подари прегратка што ќе го стопли и разнежни и твоето срце. Не можеш да си подариш ништо поубаво во денот од силна прегратка.

Слушај ја тишината. Во неа има музика со единствена мелодија. Во тишината е твојата суштина, нескриена голотија и совршената несовршеност. Таа те прави единствена, посебна и различна личност од сите други.

Гушни ја тишината во тебе и подај ѝ рака за да излезе. Нема поголема слобода и нема поубава вистина од прифаќањето.

slusni-ja-tisinata-gusni-ja-vistinata-2

В.М.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg