30 мудри животни лекции
Животот не е црно-бела приказна, тој е склоп од милион сиви нијанси. И не секогаш е фантастичен, само треба да научиме како да го гледаме од позитивниот агол.
1. Среќата е во самите нас. Трошиме премногу време барајќи ја во другите, заборавајќи го фактот дека е пред нас.
2. Бидете благодарни и за доброто или лошото. Животот е неверојатен подарок, а болката е составен дел.
3. Променете ги перцепциите и ќе си го промените целосниот живот. Научете да ги гледате работите од аголот кој секогаш е за нијанса посветол од другите.
4. Ако веќе сте среќни, вреди да ја пренесете среќата на другите.
5. Светот е наше огледало. Она што го сакаме кај другите е одраз на она што го сакаме и кај себе.
6. Сите доаѓаат во животот со причина. Прашање на време е кога ќе ја научиме оваа лекција.
7. Верувајте. Ако работите тргнат наопаку, сетете се дека нема засекогаш да останат така.
8. Не ги сфаќајте работите претерано лично. Она што луѓето го кажуваат и прават понекогаш е одраз на нивниот живот, а не на вашиот.
9. Прошетката на свеж воздух лечи. Можете да научите многу набљудувајќи ја природата.
10. Повредените луѓе повредуваат луѓе. Колку и да ги сакате, сакајте ги од далечина.
11. Чувствувајте и соочувајте се. Пробудете ги вашите стравови и соочете се со болката на вистинитоста.
12. Перфекционизмот е илузија. Да, тежнеете кон совршенство, но не заборавајте да ги простите грешките кои попатно ќе се случат.
13. Излезете од границите. Не се фокусирајте слепо на само една цел. Светот е неверојатно прекрасен кога го гледате со ширум отворени очи.
14. Славете ги патувањата. Не се работи само за дестинацијата.
15. Простувањето нема да им помогне на оние на кои ќе им го дадете, туку на самите вас. Затоа, простувајте често и искрено.
16. Сите сме неверојатно интуитивни. Слушајте го своето срце, тоа го знае патот подобро од сите.
17. Бидете посебни. Никој на светот не е како вас!
18. Не го сфаќајте животот премногу озбилно. Прифатете ја играта и забавувајте се. Пред се, смејте се.
19. Опкружете се со луѓе кои ве сакаат. И сакајте ги. Силно, искрено. Животот е премногу краток за нешто помалку.
20. Тајната е во споделувањето. Споделете ја мудроста, љубовта и сите ваши таленти.
21. Сепак, задржете се до умереноста. Балансот е клучот на успехот.
22. Кажете да на сè што ве прави среќни, но не заборавајте да му кажете не на она што не ви одговара. Времето е драгоцено, не го трошете на нешто безначајно.
23. Некои пријателства едноставно ги прераснуваме. Тоа не значи дека било која страна погрешила, едноставно вашите патишта се раздвоиле.
24. Стравот често ви е показател за она што ви е потребно во животот.
25. Соочувањето со стравовите е најдобро вложување во себе.
26. Чувствувајте се најдобро во своја кожа. Овозможете си здрав живот.
27. Животот е полн со искачувања и падови. Уживајте во возењето!
28. Не сте центар на универзумот. Понекогаш, погледнете и од туѓа перспектива. Не знаете што ќе откриете.
29. Не си оставајте простор да се покаете. Времето и шансите поминуваат многу брзо, затоа обидете се да ги уловите, наместо подоцна да се жалите.
30. Разберете дека сите сме различни. И никој нема да мисли како вас. Ниту пак да делува како вас. Па и во тоа е убавината на животот, зар не?