Животна лекција од 6-годишно девојче: Секој проблем има најмалку 2 решенија

Оваа кратка приказна ќе ве направи помудри за само 3 минути. Ќе ви изгледа неверојатно, но вреди да научите дека секој проблем има најмалку 2 решенија. Како да го одберете вистинското?

zivotna-lekcija-od-6-godisno-devojce-sekoj-problem-ima-najmalku-2-resenija-01

Додека еден татко читал весник неговата ќерка постојано му го одвлекувала вниманието. За да ѝ го скроти детскиот немирен дух, искинал еден лист од весникот на кој била исцртана мапата на светот.

Целата мапа ја искинал на десетици парчиња, кои ѝ ги подал на неговата ќерка. Ја испратил во собата со една единствена задача - да ја состави мапата во една целина.

Бил уверен дека ќе и требаат неколку дена за да ја заврши задачата.

Но, девојчето се вратило после само неколку минути со совршено споената сложувалка.

„Како успеа? Ова е невозможно...“ изустил таткото, зачуден од генијалноста на својата 6-годишна ќерка.

„Мапата ми беше тешка, па ја свртев другата страна. Таму имаше лик на еден човек, изгледаше многу поинтересно и полесно. Решив да го склопам неговиот лик наместо мапата...“ задоволно објаснило девојчето.

Научете дека секогаш постои втора страна на секој ваш проблем, без оглед на искуството кое го поседувате.

Кога и да се најдете пред предизвик кој треба да го решите, не гледајте само во еден правец. Превртете ги работите повеќе пати. Ќе се изненадите од она што ќе го видите!

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg