Секој го добива она што го заслужува

Повозрасна жена од околу 50 години, влегла во авионот со кој требало да патува и забележала дека местото на коешто треба да седне е покрај некој Афроамериканец. Видно вознемирена ја повикала стјуардесата.

sekoj-go-dobiva-ona-sto-go-zasluzuva-01

Стјуардесата: „Во што е проблемот, госпоѓо?“

Жената: „Зарем не гледате? Сте ме сместил покрај црнец! Незамисливо е јас да седам покрај еден од тие...одвратни луѓе! Најдете ми друго место, ве молам!“

Стјуардесата: „Мислам дека сите места се зафатени, но ќе проверам дали има некое слободно место“.

По неколку минути се вратила стјуардесата и соопштила:

„Госпоѓо, во економската класа нема место. Имаме само уште едно место во прва класа“.

Пред и воопшто да успее жената да каже нешто, стјуардесата продолжила:

„Во нашата авиокомпанија е недопустливо патник од економска класа да патува во првата класа. Но, исто така, би било скандалозно да принудиме некој да седи покрај личност која е под сите нивоа“.

Потоа се завртела кон Афроамериканецот и му се обратила:

„Господине, ако сакате, земете го Вашиот рачен багаж и повелете, преместете се во првата класа“.

Патниците кои го слушале овој разговор спонтано почнале да ракоплескаат.

Затоа, не судете никому, бидете луѓе и сакајте ги сите луѓе, без предрасуди!

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg