Љубов каква отсекогаш сум посакувал
Вообичаен работен ден во ординацијата, сè додека не се појави еден стар господин, имаше околу 80 години. Во 8:30 беше во чекалната, со мала рана на палецот која требаше да ја прегледам.
Веднаш ме предупреди дека има состанок од 9 часот, па ако е возможно да ја забрзам работата.
Го замолив да седне и да причека, знаејќи дека ќе помине повеќе од 1 час пред некој да го прегледа.
Постојано го проверуваше часовникот.
Одлучив да го прегледам без оглед на тоа што имав други пациенти. Раната беше прилично добра и лесна, па имав време дури и да го прашам зошто е во толкаво брзање.
Ми беше чудно, затоа што старите имаат толку многу време во текот на денот.
Господинот ми одговори дека се брза за во 9 часот да стигне на појадок со неговата сопруга, во старечкиот дом.
Се распрашував какво е нејзиното здравје. Ми откри дека таа е таму веќе подолго време и дека има Алцхајмерова болест.
Во разговорот го прашав дали неговата сопруга ќе се налути ако задоцни.
Само тивко ми одговори: „Таа веќе 5 години не ме препознава кој сум...“
Пред да продолжи изненадено го прашав:
„А вие и понатаму одите секое утро кај неа? И покрај тоа што не знае кој сте?“
Старецот мудро се насмевна, лесно ме потапка по раката и ми кажа: „Таа можеби повеќе не ме знае, но јас многу добро знам што значи таа жена во мојот живот...“
Телото ми се растрепери. Едвај ги додржав солзите. Кога ја напушти ординацијата, тивко прошепотев:
„Тоа е таа љубов која ја сакам во животов!“
Вистинската љубов можеби не е физичка, ниту романтична. Вистинската љубов е прифаќање на она што било, ќе биде и никогаш повеќе нема да се повтори.