Кажаните зборови се како разлетани пердуви

Во едно мало гратче живеел некој човек со еден специфичен проблем: премногу зборувал за другите луѓе. Ги озборувал, ги раскажувал нивните тајни, приказни, проблеми.

zborovi-kako-perduvi-01

Штом слушнел нешто ново за некој што го знае, па дури и за некој што не го знае, веднаш морал да раскаже на сите. Не обрнувал внимание дали тоа е добро или лошо и дали некого ќе навреди или повреди со своите приказни.

Уште додека се занимавал со некој бизнис и имал можност да слуша најразлични приказни од клиентите и соработниците, тој не можел да се контролира и да се запре да не ги прераскаже.

Му годело вниманието кое го добивал од оние кои го слушале и се смееле на анегдотите кои тој ги додавал или смислувал. Покрај ова негово озборување тој бил добар и љубезен човек.

На некој начин тој знаел дека греши, но сепак си барал оправувања дека тој ништо не измислува и не лаже, сè што зборува е вистинска ситуација која тој само ја пренесува и на некој начин се забавува.

Еден ден слушнал приказна за некој познат и добар бизнисмен и почнал да ја раскажува на своите пријатели, познаници, а тие на нивните пријатели и сè така додека озборувањето не стигнало до ушите на бизнисменот и не му го нарушило квалитетниот углед, репутација и дотогашните успеси.

Кога озборувачот дознал за ваквата ситуација му било многу жал и сакал да се извини, да се искупи, да ги поправи грешките, но не знаел како.

Затоа, отишол кај најмудриот старец во градот кој бил насекаде познат, сметајќи дека единствено тој може да има вистински ум за неговиот необичен проблем.

Кога му ја раскажал ситуацијата на мудрецот, тој бил запрепастен, но се обидел прво да го вразуми и да го натера буквално да ја согледа ситуацијата што тој ја предизвикал со сите свои приказни.

Му дал една перница со пердуви и нож. Го отворил прозорецот од собата и му рекол на човекот да ја пресече перницата на средина. Тој го сторил тоа и видел како пердувите летаат на сите страни.

Дел на подот, на масата, креветот, во чиниите и чашите, на плакарите, но и многу голем дел низ прозорецот паѓале на земја, на улица, врз автомобили, контејнери и врз сè што се нашло на помала или поголема оддалеченост.

Откако се разлетале пердувите насекаде, мудрецот имал уште една задача за него. Да ја земе навлаката од перницата и да ги врати во неа сите пердуви кои се разлетаа.

Ама буквално сите, без да пропушти ниту еден. Озборувачот останал запрепастен.

- Тоа е невозможно, одговорил.

- Навистина е невозможно, ветрот постојано ги разнесува пердувите исто како што и луѓето ги разнесуваат зборовите – му одговорил мудрецот.

Кажаните зборови не се враќаат назад, затоа треба добро да се размисли пред да се каже нешто.

Како што вели и една друга мудрост: Две нешта не можеме да вратиме, пропуштените шанси и кажаните зборови.

Единствено нешто кое му преостанувало е да им се извини на сите кои ги навредил и повредил со своите приказни и озборувања.

Вистински да се покае и при секоја следна приказна или доверена тајна да се сети на разлетаните пердуви и да размисли како ќе ги собере во перницата и како ќе ги врати кажаните зборови.

Би можело да ве интересира:

5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg