Зошто го сакаме ајварот?

Ние си го почитуваме ајварот и искрено по малку ни е жал што лека полека исчезнува навиката на домашно подготвување ајвар со целото семејство.

zosto-go-sakame-ajvarot-01

Едноставно, не би сакале да престане да биде приказна од животот на идните генерации.

Во потрага по добри причини зошто го сакаме ајварот, во прилог наведуваме неколку од нив, а вие слободно надополнете нè во коментарите.

1. Е единственото јадење за кое вреди да шеташ со црвени раце и нокти 5 дена

2. Заради звукот и мирисот на секоја нова отворена тегла

zosto-go-sakame-ajvarot-1

3. Е највкусен и најбрз оброк во 4 сабајле, кога ти се јаде и спие во исто време.

4. Е јадењето по кое сите ги памтиме нашите вредни баби.

5. Заради помислата од комбинацијата на топло лепче, овчо сирење и топол ајвар мацкан директно од тенџерето... ммм.

6. Затоа што ме потсетува на последните топли денови кога сите деца игравме жмурка на улица додека во некој двор се полнат тегли со ајвар и секој со лепче од дома си чека ред за мачкање и групно јадење.

zosto-go-sakame-ajvarot-2

7. Затоа што ја сакам сликата на полни полици со тегли ајвар во подрумот.

8. Заради мирисот кој се шири низ маалските улици деновите кога семејствата подготвуваат ајвар

9. Ми дава знак дека почнува есента...

10. Затоа што ме потсетува на нешто традиционално, македонско и различно од останатите земји.

11. Затоа што ме потсетува на заеднички мигови од детството кога целото семејство три дена посветува на печење, лупење, мелење и пржење пиперки.

12. Пробувањето дали е доволно солен додека се уште се пржи е најдобрата есенска активност.

Би можело да ве интересира:

За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg