10 лекции на кои ве учи трчањето
Со денешното брзо темпо на животот сите трчаме да стигнеме некаде, да завршиме што повеќе работи и да оствариме големи успеси за кратко време.
Многу околности ни пречат, многу непредвидени ситуации ни се појавуваат секојдневно. Некои се откажуваат, некои продолжуваат.
Тогаш се препознаваат успешните.
1. Кога работите ќе станат тешки, само продолжете понатаму
Кога повеќето луѓе ќе се најдат во неволја на својот пат, тие се откажуваат. Вистински успешните луѓе во светот продолжуваат со тоа што го наумиле, без разлика на сè. Никогаш не дозволувајте нешто да ве поколеба.
2. Постојаноста ја создава навиката
За да вметнете нешто во вашиот живот, мора да ви стане навика. За нешто да ви стане навика, мора да бидете постојани. Без разлика за што ќе се одлучите, направете го да биде дел од вашиот живот.
3. Мора да поминете низ пекол, пред да стигнете во рајот
Како и за сите работи во животот кои се вредни да се потрудите, попатно ќе бидете турнати, згазени, отфрлени. Прифатете го ова како дел од патот до успехот. Понекогаш патувањето е поважно од дестинацијата.
4. За да ги соберете плодовите ве чека голема работа
Ако за нешто не се трудите напорно, значи тоа не е вистинскиот успех. Она што не е вредно за вашиот труд, не е вредно ни за вашата придобивка. Не очекувајте дека ќе стигнете некаде далеку, без да го изодите патот.
5. Секој аспект во животот е во вашата глава
Не се работи за тоа што ви се случува, туку за тоа како вие реагирате и се соочувате. Сè е во тоа како ќе одлучите во вашата глава дека ќе се однесувате.
6. Времето постои – само треба да си го создадете
Ако нешто ви е навистина важно, ќе најдете време. Ако не можете, ќе направите исклучок.
7. Дефинирајте ги вашите граници
Вашите лични граници не ви ги одредуваат вашите родители, луѓето околу вас или Универзумот. Вие ја имате целосната контрола над сè. Вие одлучувате дали сакате да се качите на Месечината или да останете таму каде што сте.
8. Ако чекате вистински момент, никогаш нема да направите ништо
Не чекајте нешто или некого. Знаете што треба да направите за да го постигнете резултатот. Одете и направте го.
9. Надминувајте ги границите секој ден и гледајте како се случува магијата
Ќе бидете воодушевени од она што ќе го добиете, ако се потрудите малку повеќе од она што мислите дека е ваш максимум.
10. Постои мир дури и во најхаотичното време
Без разлика колку е некоја ситуација тензична, стресна, напорна, исцрпувачка, болна, секогаш постои светло на крајот на тунелот и награда која ве чека. Отфрлете ги потешкотиите, научете од поразите и продолжете понатаму.