Животни закони

zivotni-zakoni

Животните закони имаат голема сличност со Марфиевите закони, но едно им е сигурно заедничко, се работи за чиста вистина...или веројатност.

Што мислите вие?

1. Закон на работилницата:

Било кој алат, кој ќе ви падне од рака ќе се истркала во најнедостапниот агол.


2. Закон на веројатноста:

Веројатноста дека некој ве гледа е пропорционална со глупоста што ја правите.


3. Закон на телефонот:

Кога вртите погрешен број, линијата нема да биде зафатена.


4. Закон за алиби?

Ако му кажете на шефот дека доцните на работа затоа што ви се дупнала гума, следното утро тоа и ќе ви се случи.


5. Закон на варијации:

Кога во ред ќе ја смените страната, тој во кој претходно сте биле ќе почне да се движи побргу од оној во кој се наоѓате.


6. Теорема на бањата:

Кога телото е потполно потопено во вода, ќе заѕвони телефон, а тој не е покрај вас.


7. Закон за блиски средби:

Веројатноста дека ќе сретнете некој познат се зголемува ако сте во друштво со некој со кого не сакате да бидете видени.


8. Закон на резултатот:

Кога сакате на мајсторот да му покажете како некој домашен апарат не работи, апаратот ќе проработи.


9. Закон на кафето:

Оној момент кога ќе седнете да го испиете штотуку свареното кафе, шефот ќе побара да направите нешто што ќе трае сè додека кафето не се излади.


10. Закон на тепихот:

Веројатноста дека парчето намачкано со џем ќе падне на намачканата страна е директно поврзана со тоа колку е тепихот нов, како и со неговата цена.


11. Закон на логичниот аргумент:

Сè е можно... ако не знаете за што зборувате.

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg