Мудри изреки за успехот
Целта на сите нас е да се стремиме кон успехот. Можеби овие мудри изреки ќе ни помогнат полесно да го постигнеме.
- Ако сакате ништо да не работите, вљубете се во она што го работите
- Ако сакате да успеете во општеството, убијте ја својата совест.
- Единствено оној кој ништо не работи не греши.
- Бескраен е патот кој не води кон ништо.
- На господ му се обраќаме само кога сакаме да го постигнеме невозможното. За можното, доволни ни се луѓето.
- Подобро три дена да се биде чекан, отколку година дена наковална.
- Подобро е на чело на овците да оди лав, отколку на чело на лавовите да оди овца.
- Подобро е да се соработува со луѓе кои нешто сакаат, отколку со оние кои го постигнале тоа што го сакале.
- Оној што многу зборува е лош работник.
- Грижите го убиваат човекот, а не работата. Затоа многу луѓе умираат, затоа што има повеќе што се жалат отколку што работат.
- Чепкајќи по купот ѓубре петелот најде зрно бисер.
- Човек без трпение е како ламба без газија.
- Човекот може да застане кога се качува, но не и кога паѓа.
- Човекот може сè само кога сака.
- Човекот го примаат во друштво според облеката што ја носи, а го испраќаат според духот што го покажал.
- Човекот го сметаат за објективен ако се согласува со другите.
- За да направи големи дела човекот мора да живее како никогаш да нема да умре.
- За да го сврти вниманието кон себе, човек ора да стигне во последен час.
- За да бидете популарни, мора да бидете просечни.
- Секое полетување се завршува на земјата.
- Има многу стари идеи кои понекогаш, ненадејно, стануваат нови.
- Искуството е како чепкалка: ви служи само вам.
- Искуството ни дава можност да се снајдеме во животот, додека недостатокот на искуство нè препушта на случајот.
- Пред сè треба да се постави должноста, а во вториот ред плодот кој се постигнува со неа.