Писмото на Трпе од Канада

pismoto-na-trpe-od-kanada

Драги наши,

Не можеме да го конфирмуваме нашето доаѓање ова лето, но како што работите стојат, изгледа дека ќе мора да ги кенселуваме нашите тикети кои ги букиравме, бидејќи нè уби ратата за таунхаусот што ја купивме. За тикети имаме, ама некако не можеме да собереме за презентс за сите вас.

А јебига, без тоа не ни се доаѓа. Неќеме да нè сметате за некакви си панкови, како што зборуваат за Перо и неговите кога на своите дома им донесоа по $100 долари, како ништо да не работеле во Канада.

Ние така не сакаме. Или доаѓаме како аџии или никако. Затоа се договоривме да сејвуваме што повеќе можеме и да ви се одолжиме за следниот векејшн. Инаку, тука живееме доста добро.

Јас работам фул тајм и уште два парт тајма, а Трпана пронајде и трети парт тајм преку викендите, но добро ги ускладивме шифтојте, па можеме да се гледаме секој втор вик.

Може тоа е малку незгодно за Џесика, но неа и плаќаме дејкер после училиште, а од таму ја зима нејзината бебиситерка и ја носи дома на бед тајм.

Таа, иако е мала, сфаќа дека толку работиме за нејзино добро и дека вака мора да биде додека не ја отплатиме ратата. Секој фритајм го користиме да бидеме со неа, па ластсамр успеавме да ја однесеме на Грејт Лекс.

И купивме и хот-дог и ајскрим и од тогаш на сите им раскажува колку и било бјутифул. Јас имам доста работа околу таунхаусот, ја катувам тревата, чистам и некако имам по неколку часа да го средам бејсментот бидејќи сакаме да го рентаме и така да го зголемиме инкамот.

Како што гледате, дека не е лесно – не е, но кога човек е хард воркер и кога добро ќе испланира скеџуал, може да постигне.

Јас фино ја дотерав линијата на 130 паунди, па некои наши комшии тука се шегачат дека се исушив од што работам и спијам само четири часа, но тоа е само затоа што се џелос на мене.

На човек ништо повеќе не му треба, а и тоа се само првите 25-30 години, додека не ја отплатиме ратата, а после ќе уживаме.

Слушнав дека Стојмир и оваа година оди за Македонија. Тоа е, му се може кога веќе 10 години развозува пици за пари, а жена му отвори бјути салон во станот, па овие нашиве гуски навалиле ко нездрави на херкат кај неа.

Но, што им вреди кога не знаат да инвестираат, туку сите пари им одат на некои патувања и други ступид шеми. Затоа цел живот ќе биде гуска која го рента својот апартмент, а ние имаме проперти и сејвинг акаунт во банка. А, тој постојано мејкс фан од мене и раскажува околу колку сум фул и не знам да живеам.

Скоро секој сатрдеј навечер јас и мојата Трпана пиеме по еден кејс пиво, од оној малиот од сикс. Додуша, она пие само по едно затоа што мора на најтшифт од 9, но затоа јас рилекс и смачкувам сè останато и во сандеј работам дури од 8 наутро.

Затоа, кога ќе го видите Стојмир не му верувајте што зборува, бидејќи тој не е човек за респект. Тоа е ризн зошто не ви пратив долари по него, затоа што знам дека ќе каже дека сум голотија и дека немам ни за себе.

Моментално да, темпорари сме малку шорт, но тоа е само додека не го отплатиме ратата, првите 25-30 години. После сите ќе уживаме!

Ве поздравува сите вашиот брат Трпе!

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg