Уште 12 слатки детски одговори

Ако вие немате одговор на некое едноставно прашање кои децата ви го поставуваат, тука започнуваат фантазиите и склопувањето на чудни логички следства. Насмејте се до солзи со уште 12 детски одговори, кои реално на вас немаше да ви паднат на памет.

uste-12-slatki-detski-odgovori-01

1. Изненадување е кога сакаш да јадеш колачиња, а некој друг веќе ги изел наместо тебе. Е тоа е изненадување!

2. Изобилие е некоја билка што се набива во земјата, па потоа само избива и има неколку листови кои се јадат, но не е вкусно затоа што е слично на спанаќ.

3. Моќен е некој кој нешто матка.

4. Карактер? Тоа е спорт. Мојот брат е карактерист.

5. Хоби е нешто бесплатно што те чини скапо.

6. Политика? Тоа се луѓе што зборуваат чудни нешта, само за другите да помислат дека се паметни.

7. Евро? Тоа е исто што и еурокрем, само што е во помала тегла.

8. Докторот на наука не ти кажува да отвориш уста, тој само зборува.

9. Компјутерот е предмет кој служи за мама и тато да не спијат веќе заедно.

10. И тужибабите се луѓе. Само тие се од оној тип на луѓе што кога ќе ги удриш веднаш трчаат и раскажуваат, а немаат ништо на нив за тоа да го докажат.

11. Кафето е јадење за возрасни кое служи за растење на опашки кај децата.

12. Осамен си кога мислиш на домашна работа и кога мислиш дека никој не те сака освен неа.

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg